Општина Дојран потпиша меморандум со меѓународната невладина организација „Милиеуконтакт Македонија” со што доби партнер во зачувувањето на животната средина преку грижа за Дојранското езеро и неговиот биодиверзитет.
Градоначалникот Анго Ангов истакна дека договорот со партнер, кој ќе ги стави на располагање сите експерти од областа на животната средина, во старт ќе значи зголемен капацитет за општина Дојран во изработката, аплицирањето за проекти и добивањето средства за нивна реализација. Тој, исто така, додава дека ќе се формираат тимови од општината кои заедно со експертите ќе работат и ќе се обучуваат и за таа цел на располагање се ставаат трите реконструирани куќи покрај езерскиот брег кои ќе служат како научно-едукативни центри.