Австрисккиот бренд Steininger е позната по своите уникатни кујни и парчиња мебел изработени од избрани материјали.
Flod е нивниот најнов кујнски остров, кој добил акцентирана, аголна форма, со површина што има волшебен сјај. Тоа е вистинска стилска изјава, која ја крие својата функционалност – гледано однадвор, не може ни да се претпостави дека ова е кујнски остров.
Кујнскиот остров Flod се карактеризира со кубистичка површина, изработен е од томбака – сјајна легура на бакар и цинк, која е лесна за одржување. Внимателно избраната компјутерска производна технологија го обликува металот во фасцинантен кујнски предмет, со неверојатна прецизност. Светлиот, топол месинг тон создава прекрасен амбиент, кога светлината ги осветлува неговите агли.
Неколку hi-tech елементи се дел од овој кујнски остров, и токму тоа го прави вреден за модерните домови. Една од најважните е M.Pod, работна површина со висока технологија која може да се користи за контрола на паметните функции на кујната. Станува збор за 32-инчен екран на допир, кој е изработен од специјално обработено стакло, кое може да се користи и за подготовка на храна. Интелигентната работна плоча функционира како контролор на сите паметни карактеристики на кујната.
Другите погодности на островот Flod се скриени во самата единица. На пример, тука е и скриен бар од едната страна на кујнскиот остров, додека мијалникот е од другата. Покрај тоа, фиоките сместени во внатрешноста на островот се опремени со скриени светлосни елементи.
Островот Flod крие сè што е потребно, во рамките на неговиот чист и пред сè функционален дизајн.