Успешно заврши првата фаза од санацијата на разладната кула на Блок 2 во РЕК Битола, висока 108 метри.
Саниран е армирано бетонската обвивка на кулата со што се надминати проблемите со нејзината дотраеност. Зафатот се реализира за првпат откако кулата е изграден во 1984 година.
Во втората фаза од проектот, ќе биде заменето азбест-цементното росиште на кулата со нови еколошки материјали.
Со заокружувањето на проектот, постројката ќе работи со енергетски подобрени перформанси кои ќе се одразат и врз еколошкиот аспект на кулата, односно врз намалувањето на емисијата на штетни гасови.