Насловна / Архитектура / Архитектите ја донираат својата работа за заедно да му помогнат на Бејрут

Архитектите ја донираат својата работа за заедно да му помогнат на Бејрут

Повеќе од 60 меѓународни архитектонски фирми ги доставија своите скици и потпишаа цртежи на аукцијата за да се обидат да соберат средства за обнова на Бејрут по страшната експлозија која сериозно го оштети градот ова лето, оставајќи најмалку 300 илјади луѓе без покрив над главата.

Bejrut

Сите средства собрани на аукцијата Architects for Beirut во рамките на Саемот за дизајн во Мајами, кој ќе трае до крајот на ноември, одат во Beirut Urban Lab. Тоа е интердисциплинарен истражувачки простор првично основан од Американскиот универзитет во Бејрут, Оддел за архитектура и урбанизам, за да се спротивстави на уништувањето на цивилната инфраструктура што се случи за време на либанско-израелската војна во 2006 година. Сега, по страшната експлозија, овој колектив е насочен кон обнова на градот на еднаков и одржлив начин, а архитектите ширум светот одлучија да им помогнат во тоа, пишува Dezeen.

Bejrut1

“Дури и пред експлозијата, земјата минуваше низ економска и финансиска криза што го парализираше банкарскиот систем, како и способноста на владата да се справи со последиците од експлозијата. Тоа е уште полошо со избувнувањето на Ковид 19“, вели Макрам ел Кадииз од њујоршката архитектонска фирма LEFT.

Beirut Urban Lab специјално планира да помогне во реконструкцијата на критичната инфраструктура, како што се болници, сместување во итни случаи, како и градинки, библиотеки и други јавни простории што се важни за локалната заедница.

Либанската архитектка Лина Готмех, која ја спореди експлозијата со „нуклеарна експлозија“ реши да придонесе со слободен цртеж на нејзиниот станбен блок „Камената градина“, кој беше завршен непосредно пред експлозијата.

Bejrut2

Италијанскиот архитект Стефано Боери ја нацрта медитеранската мозаична карта, на која со жолти линии е изразен односот на Бејрут со големите европски градови, додека неговиот сонародник Ренцо Пијано донираше своја скица.

“Скицата на Ренцо Пијано покажува одредена надеж што ја провлекува сегашната тага, односно сценарио во кое планирањето на подобро утре е сè уште нешто за што може и мора да се сонува“, додаде ал-Кадииз.

Другите придонесоа со цртежи и графики на значајните згради што ги дизајнираа, така што аксонометрискиот поглед на БИГ кон електраната Амагер Баке во Копенхаген е на аукција.

Норман Фостер приложи еден пример од ограничена серија од 100 литографии, покажувајќи модуларно училиште што неговата фирма го изгради за Сиера Леоне во 2009 година, направено од локално достапни материјали како дрвени штици и чаршафи. Тој претходно донираше уште една копија од оваа ограничена серија на кралицата на Англија во спомен на 60 години од нејзиното владеење. Неговиот колега, Сер Дејвид Чиперфилд донираше принт на кој се гледа бетонски мост што го дизајнираше за Кралската академија на уметностите.

Bejrut3

Откако ги забрани рендерите во нејзиното студио, мексиканската архитектка Татјана Билбао и нејзиниот тим прават изложби слични на колаж, а таа донираше само една, додека студиото на Заха Хадид придонесе со неколку нејзини тродимензионални уметнички дела.

Bejrut4

Во меѓувреме, додека се одржуваше аукцијата, дизајнерското дуо Бокја од Бејрут го трансформираше нивниот продажен простор во привремена „клиника за мебел“, каде што членовите на заедницата можат да донесат оштетени предмети од експлозија што ќе бидат поправени со црвен конец, направени по примена на јапонската техника кинтсуги, која подразбира примена на лак измешан со златен прав при обновување на испукани керамички производи.

Bejrut5

Испрати коментар

Scroll To Top