Насловна / Архитектура / Реконструкција на Универзална сала во постојната големина и облик

Реконструкција на Универзална сала во постојната големина и облик

Реконструкција на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект. Ова го најави градоначлникот Петре Шилегов и очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти.

IMG_20201107_120538

“По усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, се отвори можноста за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини ширум државата. Три од нив се однесуваат на капитални инвестиции на Град Скопје. За реконструкција на Универзална сала се предвидени 120 милиони денари буџетски средства. Верувам дека сите сме согласни дека Универзалната сала е омилената културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, што ја прави нејзината реконструкција повеќе од неопходна. Со обезбедувањето на буџетските средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на објектот на Универзалната сала, во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје“, вели Шилегов.

IMG_20201107_120212

Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата, и ред други просторни и технички стандарди за ваков тип на објекти е нешто што мора да му се случи на Скопје час поскоро, додава Шилегов. Градоначалникот е убеден дека наскоро и за тоа ќе се обезбедат средства и дека изградбата на ваква нова сала, по реконструкцијата на Универзална, ќе биде влог во проектот Европска престолнина на културата во 2028.

IMG_20201107_121224

Од Министерството за култура велат дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.

IMG_20201107_120116

“Постојат повеќе готови проекти за изградба на нова коцертна сала. Јас сум за проектот „Јајце”, зошто да не, тоа е работен проект, подготвен. Но, исто така разгледуваме и други можности“, наведува министерката за култура Ирена Стефоска.

IMG_20201107_115901

IMG_20201107_120921

IMG_20201107_120505

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top