Насловна / Вести / Данците развиваат бродски мотор на амонијак

Данците развиваат бродски мотор на амонијак

Данскиот инвестициски фонд се обидува да развие двотактен бродски мотор на амонијак, со што во целост би била елиминирана емисијата на јаглерод диоксид кај бродовите. Околу 90% од сите добра со кои се тргува на светот, се транспортираат со бродови кои согоруваат огромни количини гориво и ослободуваат околу 2% од глобалната емисија на јаглерод диоксид. Овие обиди на Инвестицискиот фонд на Данска ги предводи MAN Energy Solutions, a  целта е до 2024 година да се усоврши и демонстрира целосно нов погонски систем за бродовите.

Амонијакот е гориво со висок потенцијал и уште еден важен чекор во исфрлањето на фосилните горива од бродскиот транспортен пазар, а компанијата MAN веќе има многу големо искуство со развој на мотори на алтернативни горива, па така веќе ги развила првите двотактни мотори на метанол, етанол и ТПГ. Големото интересирање за амонијакот доаѓа од причина што тој не содржи јаглерод, и поради тоа неговото согорување не генерира јаглерод диоксид. Амонијакот веќе се транспортира во големи количини ширум светот, бидејќи се користи во голем број производи, како на пример ѓубривата. Околу 120 големи пристаништа ширум светот се вклучени во увоз, извоз и транспорт на амонијак. Според тоа, бидејќи глобалната инфраструктура е веќе на располагање, користењето на амонијакот за погон на бродовите е природен чекор за бродската индустрија.

man1

man2

man3

 

Испрати коментар

Scroll To Top