Јована Кусмук е родена 1984 година во Сараево, дилопмирала архитектура во Нови Сад и работи и живее во Белград. Оваа млада архитектка во 2018. година основала дизајн студио JK Concrete Jewellery, кое се занимава со изработка на накит од бетон.
Овој бренд претставува објекти на архитектурата во форма на накит со чисти линии, естетика фокусирана на минимализмот и модерниот дизајн.
Цилиндар
Универзалната и едноставна форма на цилиндарот е изработена од бетон, а суровата текстура на индустрискиот материјал е нагласена со листови од племенити материјали кога станува збор за ѓерданот Цилиндар.
Баухаус
Ѓерданот Баухаус е создадено во чест на 100-годишнината од основањето на Баухаус. Универзалната и едноставна форма на топка и коцка е направена од бетон, а суровата текстура е нагласена со листови од племенити материјали. Силата на елементите, чистите линии и авангардниот дух го прават овој ѓердан носив предмет на архитектурата.
Cube
Инспириран од Структурализмот, ѓерданот Cube претставува збир од четири елементи кои можат да се ротираат, но се зависни и нивната целина е поважна од самите елементи. Позицијата на овие елементи дава два идентитети во еден носечки објект. Универзалните елементи на обликот на коцката се направени од бетон, а суровата текстура на индустрискиот материјал е нагласена со листови од скапоцени материјали.
К1
Обетките К1 се изработени од светол бетон, 24К златни/925 сребрени листови и од нерѓосувачки челик.
Баланс
Склад, симетрија и хармонија. Современо и минималистичко наспроти чисти геометриски форми изработени од бетон и нерѓосувачки челик, го сочинуваат ѓерданот Баланс посебен и универзален. Принципите на дизајнирањето ве потсетуваат да се стремите кон баланс во секое време.
Производите се рачно изработени во мали серии, почитувајќи ги правилата за животна средина и одржливиот развој.
Сите делови и компоненти се хипоалергични и висококвалитетни материјали.
Производите се пакувани во брендирана кутија со сертификат.
Поради природниот состав на материјалот и рачната изработка, секое парче е уникатно и различно од другото.