Насловна / Арт и дизајн / Алкохолно лудило на Винсент ван Гог?

Алкохолно лудило на Винсент ван Гог?

Познатиот холандски сликар Винсент ван Гог (1853-1890) најверојатно имал две епизоди на делириум тременс (лудило на алкохоличари), кога нагло се обидел да се одвикне од алкохолот, покажаа новите истражувања од Холандија.

Освен што е одличен уметник, Ван Гог е познат и по тоа што си го отсекол левото уво за време на расправа. Тој тогаш тврдел дека тоа е само обичен наплив на уметничко лудило, подоцна негирајќи дека претрпел нервен слом.

Истражувачи од Медицинскиот факултет во Гронинген, Холандија ја откриле позадината на неговата ментална состојба врз основа на стотици писма кои ги испраќал, претежно на брат му Тео.

3

Откриле дека уметникот најверојатно имал две епизоди на делириум тременс, предизвикан од ненадеен прекин на конзумирање алкохол, кога си го пресекол увото.

Истражувачите се дистанцирале – тие не можат да тврдат дека ова е 100 отсто точно затоа што „пациентот не е жив за да може да им го потврди тоа“.

Делириум тременс е најтешката компликација на болеста на алкохолизам и се јавува по ненадеен прекин на конзумирање на алкохол, а некогаш смртноста од ова нарушување била до 35 отсто, додека денес е околу три отсто.

Ван Гог немал шизофренија, но страдал од „маскирана“ епилепсија, што може да предизвика вознемиреност, заблуди и халуцинации.

1

Во случајот на Ван Гог, епилептичните епизоди можеби биле предизвикани од начинот на живот кој го водел: многу пиел, малку јадел, слабо спиел и се исцрпуваше психички, додаваат истражувачите.

„Иако неговите писма содржат многу информации, мора да имаме предвид дека тој не ги испраќал на лекари, туку на членови на семејството и роднини за да ги информира за својата состојба. Нашите заклучоци за болеста на Ван Гог нема да бидат последни“, изјави Вилијам Нолен, психијатар и дел од истражувачкиот тим.

Додава дека Ван Гог страдал од најмалку две ментални болести – манично-депресивна психоза и нарушувања на личноста, но лекарите во тоа време не му поставиле дијагноза.

Умрел на 29. јули 1890. година, два дена по обид за самоубиство.

Испрати коментар

Scroll To Top