Насловна / Архитектура / 400 дела на Сантијаго Калатрава во музеј во Неапол

400 дела на Сантијаго Калатрава во музеј во Неапол

Дела на Сантијаго Калатрава поставени се во музејот и кралскиот парк Real Bosco di Capodimonte во Неапол. Последните четириесет години експериментирање на шпанскиот архитект и градежен инженер Сантијаго Калатрава можат да се видат на изложбата која е во тек во Неапол под едноставно име „Santiago Calatrava“.

6

Сантијаго Калатрава

Almost Spring (2008), ceramic. (ph. Juan García Rosell)

Сантијаго Калатрава; Скоро пролет (2008), керамика

Калатрава сакал да му оддаде почит на градот кој му е особено драг. Неговата сопруга Робертина ја курира изложбата заедно со Силвиан Беленгер, директорот на музејот, на начин да го претстави повеќекратниот талент на човекот за кого архитектурата претставува збир на сите уметности.

2

Сантијаго Калатрава; Катедрала Св. Јован Божански (1991)

400 изложени дела (цртежи, слики, скулптури и макети) распоредени се помеѓу вториот кат на музејот и зградата Cellaio. Благодарение на своите големи бели sидови, овој музеј може да претстави над 50 парчиња од керамика кои ги создал архитектот, кои се дела од неговиот прв уметнички опус: првите експерименти во оваа област датираат од годините поминати во Италија во производството на Flaviо di Montelupo Fiorentino, по што Калатрава бил маѓепсана од куполите на брегот на Amalfi. Дури подоцна ги сфатил овие дела (чие производство е познато низ целиот свет и датира од средниот век), пренесувајќи го своето искуство во Manises (Валенсија, неговиот роден град).

3

Сантијаго Калатрава; Торзо за качување (1990), мермер од Карара и хромиран челик

Меѓутоа во просториите на музејот, посетителите ги пречекуваат макети на неговите најважни објекти: од станицата Lyon-Saint-Exupery (1989-1994) до проектот за доградба на музејот на уметноста во Милвоки во Висконсин, САД, сè до симболот на препород на градот по нападот врз кулите „близначки“ и неговите познати „птичји крилја“.Темата на природата му е мошне драга на уметникот, честопати е инспирација за неговите композиции, слики и скулптури, прикажани тука заедно со архитектурата.

4

Сантијаго Калатрава; Светски трговски центар, транспортно средиште, Њујорк (2003-2016), макета

На изложбата ги нема неговите мостови изградени ширум свет, вклучително и во Италија (Venecia, Regija Emilia i Cosenza). Меѓутоа, се подготвува и настан пред затворањето на изложбата, на кој Калатрава, заедно со студентите од Керамичкиот институт Caselli, ќе ја користи историската печка Capodimonte Manufacturing за производство на порцелан, кој ќе ја збогати црквата San Gennaro од 18. век во Real Bosco . Изложбата трае до 13. јануари 2021 година. Кога ќе почнеме да патуваме, можеби некој од вас и ќе ја посети.

5

Сантијаго Калатрава; Универзитет во Рим (2005), модел

Испрати коментар

Scroll To Top