Насловна / Вести / Ако не се воведат драстични мерки глобалното затоплување ќе достигне 3,3 степени

Ако не се воведат драстични мерки глобалното затоплување ќе достигне 3,3 степени

Иако вирусот корона ќе ги намали емисиите во енергетскиот сектор, и тоа во обем еквивалентен на перидот од две и пол години доколку пандемијата не се случеше, а количината на емисија на гасови со ефект на стаклена градина минатата година го достигна својот максимум, сеуште е далечен патот пред енергетската политика и инвестициите, за да се ублажи глобалното загревање до прифатливо ниво.

New Energy Outlook 2020 дава проценка дека се потребни 78 и 130 билиони УСД за дополнителни инвестиции до 2050 година, за да се спречи катастрофално сценарио, односно порастот на глобалната температура да се огранични на ниво многу пониско од два степени Целзиусови, што е основна цел пропишана со парискиот договор. Моменталната енергетска политика и планираните инвестиции водат кон зголемување од 3,3 степени, стои во студијата. Разликата се пресметува во однос на просечните температури од прединдустрискиот период. Претстојната деценија е клучна, според зборовите на генералниот директор на BloombergNEF. Брзиот напредок е неопходен посебно во производството на електрична енергија од ветер и од соларни електрани, потоа во воведувањето на електрични возила, малите погони во производство на енергија од обновливи извори и технологии на греење со ниски емисии на јаглерод, како што се топлинските пумпи, како и развој на горива без емисии на гасови со ефект на стаклена градина. Во извештајот посебно се истакнува улогата на водородот.

Оваа истражувачка компанија навела дека емисиите од енергентите се на пат да се намалат за 8% во оваа година, и дека нема да се вратат на нивото од 2019 година. Се очекува повторно да растат со опоравувањето на економијата, а потоа да паѓаат со стапка од 0,7% годишно, во периодот од 2027 до 2050 година. „За да го задржиме глобалниот раст на температурата на многу пониско ниво од два степена, ќе мораме веднаш да тргнеме во намалување на емисиите за по шест % секоја година, а за да го ограничиме глобалното загревање на 1,5 степени Целзиусови, емисиите би морале да се намалуваат за по 10% годишно“, изјавил Matthias Kimmel, виш аналитичар од BNEF и коавтор на извештајот.

climate changes1

climate changes2

Енергијата од ветерот и соларната енергија сочинуваат 56% од светското производство на електрична енергија на средината ан векот, а заедно со батериите ќе привлечат 80% од вкупно 15,1 билиони УСД инвестиции во нови капацитети за електрична енергија, според резултатите на анализата. Дополнителни 14 билиони долари се вложуваат во мрежа. Вкупно земено, проекцијата е пооптимистична отколку во претходните верзии на годишната студија.

Побарувачката од нафта е на пат кон својот максимум кој ќе биде достигнат во 2035 година, по што би требало да опаѓа, највеќе поради пробивот на електричните автомобили. Природниот гас е единственото фосилно гориво кое продолжува да се шири до  2050 година, по стапка од половина процент годишно, се наведува во Студијата.Податоците покажуваат дека побарувачката за јаглен во 2018 година стигнала до максимум и дека нејзиниот удел во примарната енергија ќе се спушти на 18% од сегашните 26%.

Вонредниот професор Владимир Ѓурѓевиќ од Универзитетот во Белград, вели дека глобалното загревање од над два степени ги зголемило ризиците од големи материјални загуби и достигнувања на точките без враќање во климатскиот систем.   Тој за Balkan Green Energy News изјавил дека светот тогаш би минал низ „драматична трансформација“ и би се соочил со екстремни временски и климатски настани. Меѓутоа, тој рекол дека процената за порастот на температурите за 3,3 степени не изненадува. Проекциите поврзани со глобалното загревање, во последните години се намалиле за помеѓу половина и еден степен Целзиусов, во согласност со промените во енергетската и климатската политика, и напредокот е само делумен, нагласил професорот. Поволните прогнози за некои области би можеле да го поништат потенцијалното вложување на другите фактори“, додал проф. Ѓурѓевиќ.

climate changes3

Испрати коментар

Scroll To Top