Насловна / Архитектура / Заха Хадид – цитати: „Ако сакате лесен живот, немојте да станете архитект“

Заха Хадид – цитати: „Ако сакате лесен живот, немојте да станете архитект“

Во март 2016 година, Заха Хадид за жал почина, но на многу начини, нејзиното присуство живее. Додека на професијата и недостасува, зградите на оваа вонредна архитектка остануваат како потсетник за нејзиниот невиден талент – и нејзините зборови продолжуваат да одекнуваат, особено кај младите архитекти.

1_resize

Еве еден преглед на некои досетки и цитати на Заха, зборови на мудрост од жена на врвот на професијата.

За раните предизвици со кои се соочувала во обид да ги изведе амбизиозните проекти: „Мојата работа не спаѓа во прифатливата рамка. Можеби затоа што сим жена. Исто така и Арапка. Постоеа одредени предрасуди за овие нешта“.

За својата улога како предавач во наставата на Архитектонскиот институт во Виена: „Мислам дека не можете да подучувате за архитектура. Можете само да ги инспирирате луѓето “.

6_resize

За нејзините „преговори“ да се придружи на ОМА во 1977 година: „Дипломатија! Не е мојот најдобар талент! Јас не си поигрувам со луѓето. Се сеќавам на Рем Кулхас кога ме замолија да се придружам на ОМА, и реков: „Само како партнер“. Мислам, искрено! Јас штотуку завршив школа. А тие рекоа: „Сè додека си послушен партнер“. Реков: „Не, нема да бидам послушен партнер“. Тоа беше крајот на моето партнерство! “

2_resize

Студентски денови на Заха и Рем Колхас

За нејзината потрага по нов архитектонски стил во 70-тите години на минатиот век (кога во професијата „сè уште доминираше догмата на модернизмот“): „Алтернативи беа историцизмот, постмодернизмот и неорационализмот. Мислев дека мора да постои и друга алтернатива и затоа започнав да го завршувам модернистичкиот проект, не знаејќи дека во овој потфат ќе откријам други работи “.

За нејзиниот процес на проектирање: „Почнувавме да работиме со скица, модел, слика или пресек на моделот. Со дигиталната и визуелната технологија, базата на вештини се промени “.

3_resize

Музеј MAXXI, Рим

За буџетите на проектите: „Знам што ќе поскапи, а што ќе поефтини. Мислам дека е многу важно проектот да биде достапен “.

За урбанистичкото планирање: „Градовите треба да вложуваат во просторната организација, која има поголемо влијание од изгледот на ужасни евтини згради, какви можеме да видиме премногу “.

За тоа дали живееме „добар историски момент“ за архитектурата: „Беше одличен момент во последниве 10 или 15 години. Јас секогаш сум многу претпазлива, бидејќи мислам дека прагматичарите, конзервативците, секогаш демнеат околу сцената, среќни да можат искочат во секој момент и проголтаат било што интересно “.

4_resize

Heydar Aliyev Center, Баку, Азарбејџан

За работа со луѓе во нејзиното биро: „Ќе бидам искрена, многу е тешко да им ги објаснам работите на мажите. Тоа практично е невозможно. Постарата генерација во мојата канцеларија мисли дека се знае најдобро од сите. Помладата генерација е многу пофлексибилна и поприлагодлива “.

И на крај…за фрустрациите од практикување архитектура: „Немам никакви фрустрации. Ако сакате лесен живот, немојте да станете архитект. Прашајте било кого во мојата канцеларија. Морате да работите постојано. Ако сакате работа од девет до пет и да одите дома и да се опуштите, едноставно не правете го тоа “.

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top