Оваа куќа се наоѓа во предградието на градот Sapporo. Локацијата е сочинета од типични приградски единици каде патот се наоѓа на пониска кота од онаа на самите куќи. Отпечатокот на објектот е детерминиран од обвивката на самиот објект како и од потпорниот ѕид преку кој се пристапува.
Првичната идеја била во внатрешноста на објектот прво да се влегува низ долг влезен коридор кој ќе служи како тампон зона, која ќе ги спречи големите загуби на топлина во просторот. Поради тоа што локацијата е мала, сместувањето на еден таков простор во внатешноста не е едноставно, па така, архитектот Jun Igarashi ја ослободил својата имагинација и измислил растение од жица (направено од нерѓосувачки челик) кое расте низ просториите на куќата, така што на тој начин ја создава тампон зоната помеѓу внатрешноста и надворешноста.