Насловна / Архитектура / Жан Нувел: Одморалиште во Саудиска Арабија скриено во карпа

Жан Нувел: Одморалиште во Саудиска Арабија скриено во карпа

Претставен е проект на одморалиште, кој се состои од низа сместувачки капацитети скриени во карпите на Алула, културна оаза во северозападна Арабија. Сместено е во природниот резерват Шараан со цел да го вклопи модерниот начин на живот во монументалниот дизајн при почитување и зачувување на пределот. Проектот е на Жан Нувел по примерот на Хегра, кој се наоѓа во близина и е првото светско наследство во Саудиска Арабија под заштита на УНЕСКО.

Arabija

Ова место всушност треба да ги комбинира пејзажот и историјата преку архитектонски потфат. Како што вели Жан Нувел, проектот треба да ги одведе посетителите на „живо“ сензуално и емотивно патување низ времето, отворајќи нова ера во дизајнот каде секој иден детал ќе ја раскаже приказната за минатото на пејзажот. Во рамките на одморалиштето ќе има 40 апартмани за гости, три вили и 14 приватни павилјони. Планот е сè да биде завршено до 2024 година.

Arabija1

Проектот планира минимално влијание врз природниот и урбаниот пејзаж. Целта е да се зачува уникатниот пејзаж и амбиенталната средина со воведување на современ начин на живеење. Типологијата на станбени „згради“ е инспирирана од начинот на интеракција на Набатејците (номадско племе во северозападна Абија) со нивната околина, кои граделе одржливи живеалишта далеку од топлината во лето и студот во зима. Соодветно на тоа, Нувел рече дека овој проект нема да загрози ништо што природата и човештвото создадоа во времето што е зад нас.

Arabija2

Новото одморалиште е можност за „отклучување“ на економскиот потенцијал за обезбедување нови можности на локалната заедница, преку моќно просторно, сензорно и емоционално искуство проткаено со природа, архитектура и уметност. Без употреба на електрична енергија, посетителите се поканети да „започнат патување илјадници години наназад“.

Arabija3

Arabija4

Испрати коментар

Scroll To Top