The Exquisite Corpse колекција мебел создадена да инспирира. Се состои од три рачно изработени парчиња мебел украсени со многу живописни бои. Линијата е дело на соработка помеѓу австралискиот дизајнер Adam Goodrum и францускиот уметник на интразија Arthur Seigneur.
Колекцијата вклучува шкаф, маса и клупа и го добила името по француската салонска игра Cadavre Exquis, која ја измислиле членовите на авангардното надреалистичко уметничко движење во 1925 година. Во играта, играчот скицира дел од телото или некоја друга фигура на парче хартија, пред да ја свитка хартијата за да го скрие она што го нацртал и да му ја пренесе на следниот играч. И се така во круг. По завршување на кругот, добиената слика е обично многу живописна и неретко бизарна.
Играта на овој креативен двоец му послужила како резиме на процесот на соработка, бележејќи прекрасната напнатост при донесувањето одлуки во врска со формите, дезените и боите, кои се искористени за изработка на мебелот. Адам и Артур работеле со занаетчиите кога се изработката на мебелот била во тек, за подоцна да го прекријат со сламени интарзии. Оваа уметност датира уште од 17 век, а нејзината суштина се рефлектира во создавањето на рачно изработени украсни примероци од тенки, сплескани ленти од слама.
Со колекцијата на овој мебел, дуото сакало да ги потисне рефлектирачките својства на сламата, кои се засилуваат на различни површински насоки, предизвикувајќи интразијата од слама да ја покаже својата убавина од сите страни, а не само на горната површина, како што обично е случај. Секоја достапна површина на мебелот во тој поглед е украсена со слама, која е поставена во контрастна насока со цел да се создаде дополнителна илузија на тродимензионалност.
Исклучителен број поединечни снопови слама се користени за изработка на секое од овие парчиња, а нивниот вкупен број надминува 30 илјади. Флексибилноста на материјалот овозможува примена на слама на која било површина. Со специјални алатки, можно е да се применат закривени примероци и на тродимензионални форми со исклучителна леснотија. Од друга страна, процесот на создавање на секое од овие парчиња е бавен и на дизајнерите им требало околу една и пол година да ги завршат, што придонесува за нивната вредност.