Работите на Пељешкиот мост напредуваат согласно планот и покрај пандемијата. Меѓутоа, тоа не може да се каже и за пристапните патишта, кои се составен дел од тој исклучително важен инфраструктурен проект. Имено, патиштата доцнеле во самиот старт, па инвеститорот се нашол пред многу голем предизвик: како да се оспособи мостот за сообраќај, без да се чека довршувањето на работите на обиколницата кај Стон, каде што грчката компанија Avax S.A, веќе поприлично доцни. Сепак, доколку не се случат други непредвидени доцнења, овој проект би можел да се заврши до крајот на наредната година, со доцнење од само неколку месеци во однос на првичниот план.
Во ноември се очекува пристигнувањето и на третата испорака на челични блокови кои треба да се вградат во распонската конструкција на мостот. Во моментот на градилиштетот работат 690 работници, а во фабричките погони во Кина се работи на производството на сегментите од челичната конструкција. Овој проект на сообраќајно поврзување на јужна Далмација е стратешки проект на Владата на Република Хрватска.