„Компанијата Boеing работи со руската авиоиндустрија на враќањето во сообраќај на моделот 737 Max“, вели Кирил Мајоров, регионален директор за маркетинг во Boеing за Русија и средна Азија. „Тесно соработуваме со сите авијации ширум светот, со цел да го вратиме 737 Max во погон, а руската федерална транспортна агенција не е исклучок.
Boeing 737 Max беше исклучен од сообраќај после две трагедии. Првата се случи на 29.10.2018, кога се сруши авион на компанијата lion Air во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе. Втората се случи на 10.03.2019, кога се сруши авион на Etiopian airlines, и однесе 157 жртви.
Овој месец Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај процени дека Boeing 737 Max е безбеден и дека авионот може да се врати во сообраќај до крајот на годината.