Насловна / Архитектура / Зграда во Данска трансформирана во вистинска градска убавица

Зграда во Данска трансформирана во вистинска градска убавица

Зградата Orsted Gardens Apartments, во данскиот град Frederiksberg, е вистински пример во кој реновирањето е доведено на ново ниво, подобрувајќи ја не само зградата, туку и социјалното опкружување како за станарите така и за гостите на зградата.

Архитектонското биро Tegnestuen LOKAL успеа да ја трансформира трошната зграда, за која неретко се говорело дека е најгрдата зграда во соседството, во вистинска градска убавица со динамична фасада.

5_resize

Имено, зградата е изградена во 60-тите години на врвот на фасцинацијата со реализмот, индустријализацијата и ефикасноста на градежната индустрија во Данска. Гледано од дистанца, може да се каже дека зградата била елегантна, но крута и дека навистина не го добила својот шарм со текот годините, велат архитектите за ArchDaily.

12_resize

Радикалната трансформација на зградата произлегла од една вообичаена обнова на фасада, чија примарна цел била да се спречи водата да ги оштети постојните бетонски балкони. Наместо само да ги затворат балконите со стаклени фасадни панели, Orsted Gardens добија нов простор за дружење, кој ќе ја зајакне социјализацијата на луѓето во зградата.

1_resize

Дрво и стакло

Со цел да добијат дополнителнителните поменати социјални простори, архитектите додадале низ триаголни стаклени елементи на фасадата, со што се добиени балкони кои, гледано однадвор, прават зградата значително да добие на динамичност и естетска.

14_resize

Новите балкони се поставени од надворешната страна на пристапниот хол, што овие простори ги прави воедно и приватни и заеднички, и ги поттикнуваат станарите да се собираат и да се дружат.

7_resize

Флексибилни простори

Стаклените панели на фасадите можат да се поместуваат по потреба, и овие простори можат да бидат и од отворен и од затворен карактер, што овозможува употреба на балконите и кога е времето поладно, а станарите се дополнително и звучно изолирани од прометната улица.

10_resize

Сега заедничката влезна врата е отворена и децата можат слободно да се движат во новиот флексибилен простор, кој станал многу пожив во споредба со поранешната темна и безлична пристапна зона.

Централниот аспект на реновирањето била желбата зградата во иднина позитивно да придонесе на доживувањето на улицата, па некогашната монотона целина на уличната фасада „разбиена“ е на помали геометриски делови, со што е обезбедено чувство на ритам.

13_resize

Како дополнителна погодност, станарите добиле педесет мали градини кои влијаат на социјалниот живот, но исто така и на екологијата, бидејќи сега секој има мал агол каде може да засади растенија или зеленчук.

9_resize 8_resize

20200506_cc_snit_01

Испрати коментар

Scroll To Top