Насловна / Вести / Како Калиакра, најубавиот ‘рт на Црното море, стана пример за еколошката неписменост во Бугарија?

Како Калиакра, најубавиот ‘рт на Црното море, стана пример за еколошката неписменост во Бугарија?

Калиакра, сместен на брегот на Црното море, веројатно е најубавиот ‘рт во Бугарија. Но, токму тој станал пример на неодговорниот начин на кој владата во Софија се обидува да ги избалансира интересите на големите компании, локалните заедници и еколозите. Во август 2017 година, стотици жители на околните подрачја на североистокот на земјата, ја блокирале главната меѓународна сообраќајница која води до Констанца, најголемиот романски град на Црно море. Протестот бил организиран против владината одлука со која на граѓаните им се забранува користење на земјиштето за изградба, туризам и земјоделство. Незадоволството постои и денес. „Загрижен сум поради тоа што луѓето кои воопшто не знаат каде се наоѓа селеото Балгарев, или зоната Болата, носат одлуки во наше име“ вели Владимир Рачев, кој во тоа подрачје води камп со туристички бунгалови.

Балгарево се наоѓа во срцето на едно од најголемите подрачја под заштита на мрежата  Natura 2000, на бугарскиот брег на Црно море.  Во близина се наоѓа прекрасното подрачје Болара, во кое единствената плажа е опкружена со црвените стени на ‘ртот Калиакра. Таму не е дозволен сообраќај со автомобили, а јавниот превоз сеуште не постои. За локалните жители, земјоделството и туризмот се главните извори на приходи, а владата во Софија ја доживуваат како постојана закана. Граѓаните долго не можеле да го сфатат начинот на кој може да се користи земјиштето кое е под заштита на мрежата  Natura 2000. Но, истовремено со бројните рестрикции за локалните заедници, во заштитеното подрачје е изградена најголемата ветерна електрана во државата, а во близина се наоѓаат терени за голф со хотелски комплекси. Во Каиакра во пролет и есен можат да се забележат голем број ретки птици преселници, а областа е природно живеалиште на многу ретки птици како што е на пример степскиот сокол. Во последните 20 до 30 години, исчезнале повеќе рибни видови поради прекумерниот риболов, а голем број птици преселници веќе го заобиколуваат ова подрачје.

kaliakra1

kaliakra2

Бугарија е една од земјите со најголем удел на подрачја под заштита во мрежата  Natura 2000, чија задача е да се зачуваат природните живеалишта за следните генерации. Но, во реалноста, тие подрачја немаат заштита од државата, бидејќи не се издавани акти и уредби со кои ќе се утврди што е дозволено а што не е дозволено да се работи во овие подрачја. Заштитените подрачја во Бугарија сочинуваат дури 34,8% од нејзината територија, со што е на трето место во ЕУ, веднаш по Словенија и Хрватска. Според Eurostat, површината на подрачјата под заштита на Natura 2000 во Бугарија е двојно повисока од просекот во ЕУ. Исполнувањето на обврските за заштита на животната средина во Бугарија, генерално гледано е далеку од посакуваниот резултат. На пример, во земјата и натаму се користат пестициди кои ги убиваат пчелите, а кои во остатокот од ЕУ се забранети. Граѓанските организации се се погласни во тврдењата дека моделот Natura 2000 во Бугарија е погрешен од самиот почеток. Заштитените зони се дефинирани без цврсти научни основи, а никој не се консултрал со локалните жители, чии стопански иницијативи биле блокирани. Европската комисија затоа покренала постапка заради повреда на правата. Во почетокот на 2019 година, Европската комисија им наредила на Бугарија, Италија и Германија да ја довршат мрежата  Natura 2000, во рамките на која барале издавање на наредби со кои се дефинираат дозволените и забранетите активности во одредено заштитено подрачје. Притоа е утврдено дека Бугарија го направила тоа во само 9 од вкупно 230 места кои се водат како посебни заштитени подрачја. И покрај покренатата постапка, надлежниот ресор во Бугарија не презел никакви мерки. Тогашниот министер за животна средина, кој благодарение на истрагата на Еuractiv за кризата во Перник е уапсен во почетокот на 2020 година, се обидел дури и да протурка контроверзни измени во Законот за биолошка разновидност.

Со оглед дека со доаѓањето на новиот министер работите почнуваат да се решаваат, еколозите се надеваат дека изгубеното време ќе може да се надомести. Претставниците на локалните здруженија и инвеститорите, непрекинато инсистираат на јавни расправи, на кои ќе може јасно да се изнесат визиите за еконосмките активности и ќе се бара компромис помеѓу инвестициите и заштитата на животната средина.

Европската комисија и упатила најостра критика на Бугарија токму поради подрачјето на Калиакра, каде на местото на миграциските патишта на птиците се изградени ветерни електрани и голф терени. Во јануари 2016 година, Бугарија доби пресуда и од Европскиот суд на правдата. Пресудата потврдила дека бројни проекти на ова подрачје се изградени со кршење на прописите, а главниот виновник е државата. Како одговор за овие проблеми, надлежното бугарско министертсво одлучило да ги користи фондовите на ЕУ во склоп на проектот, а со цел заштита на Калиакра. Буџетот на проектот изнесува 10 милиони евра, со кои би требало да се откупат околу 760 хектари земјиште. Иако до крајот на годината има нешто повеќе од два месеци, на целата оваа перипетија сеуште не и се наѕира крајот.

kaliakra3

kaliakra4

 

Испрати коментар

Scroll To Top