Трансјадранскиот гасовод (Trans Adriatic Pipeline -TAP), чија изградба започна пред четири и пол години, суштински е завршен и наполнет со природен гас од грчко – турската граница до прифатниот терминал на југот на Италија, и во тек се подготовки за неговото пуштање во комерцијална употреба во ноември. Според британскиот портал Worldpipelines, се очекува гасниот интерконектор, кој ќе ги поврзува TAP и италијанскиот гасен систем Snam Rete Gas, да биде завршен и подготвен за транспорт на гас до средината на ноември. Со овој гасовод треба да се транспортира природен гас од гигантското гасно поле Shah Deniz II во азербејџанскиот дел на Каспиското море кон Европа.
Гасоводот долг 878 километри е поврзан со Трансанадолискиот цевковод (TANAP), на турско – грчката граница во Кипар, и минува преку територијата на Грција, Албанија и Јадранското море до брегот на јужна Италија. Рутата по која се протега TAP може да го олесни снабдувањето со гас за неколку земји во југоисточна Европа, а неговата крајна точка во Италија пружа повеќе можности за понатамошен транспорт на каспискиот гас на поширокиот европски пазар. Гасоводот TAP е дел од Јужниот гасен коридор, кој е стратешки и економски важен за Европа, бидејќи има важна улога во зајакнувањето на европската енергетска сигурност, диверзификацијата ан снабдувањето, како и постигнувањето на целите на декарбонизацијата.
Акционери на TAP се: British Petroleum (20%), азербејџанската државна компанија SOCAR (20%), италијанската компанија Snam (20%), белгиската Fluxys (19%), Enagas од Шпанија (16%) и швајцарската компанија Axpo со сопственички удел од 5%.