Насловна / Архитектура / Во Словенија центар за набљудување на природата

Во Словенија центар за набљудување на природата

Дабровиот центарот (Центар за заштита на природата Сотла) е наменет за набудување и претставување на природата долж реката Сотла, со цел едукација, научно истражување и туризам. Сместен е по должината на границата со Словенија и Хрватска, покрај исушеното Вонарско или Сотелско езеро, кое станало единствен природен резерват. Архитектурата што ја следи природната топографија е создадена според проект на архитектите Андреј Стреховец и Роберт Потокар.

4_resize 10_resize

Проектната задача опфаќала зграда со површина од 400 квадратни метри, која би служела како центар за заштита на природата во еколошки заштитено подрачје, вели Андреј Стреховец и додава дека идејата била, на сензибилен, а и на атрактивен начин  да се изгради еко-туристичка станица или пункт во ретко населено подрачје, помеѓу двата града Рогашка Слатина и Подчертек.

1_resize

Архитектонскиот концепт е замислен како интерактивен дрвен контејнер, односно преодна платформа со централни скали за набудување (кула) и циркуларна платформа за набљудување на покривот.

Од отворени кружни скали, преку отворен кружен ходник се влегува во четири одделни програмски делови: инфо-пункт со шкафчиња и тераса за кафе, работна соба со балкон, продавница со кабинет и тераса, тематски изложбен центар со балкон. Балконите или терасите се подлабоки кон југ поради засенчување, вели Стреховец.

6_resize 7_resize

Архитектурата е сместена во пејзаж, заснована на принципот на проширена сценографија, во рамките на која се распоредени нивоата на гледање, кружните врски и функционалните простори. Отворите на фасадите ги секвенцираат погледите од отворените и затворените простори. На овој начин, на посетителот му се нуди едукативна содржина и медитативно или динамично просторно искуство.

11_resize

Слоевит, но компактен архитектонски изглед со дрвени платформи и дрвена фасада, која е текстуирана со ритми и растери, ја интерпретира околната вернакуларна архитектура и се однесува на културниот и природниот пејзаж. Како што вели Стреховец, поради грижата за животната средина, предвидена е помала и потесна зграда, која се сместена поблизу до патот, за да се интервенира што е можно помалку во областа на исушената езерска зона, која стана уникатен природен резерват.

14_resize 13_resize

Архитектурата ја следи природната топографија која паѓа со патот кон сувото продлабочување на езерото и активното корито на реката. Источната подолжна фасада се потпира на терасирана влезна платформа, така што зградата делумно лебди над косината.

Поголем дел од конструкцијата на Дабровиот центар е дрвена. Темелите и лифтовското окно се армиранобетонски, а скалите се челични. Дрвените меѓукатни плочи се од лепено дрво XLAM, а дрвените носачи од лепено дрво ВЅН. Фасадните и внатрешните ѕидови се од дрвена скелетна конструкција KVH со исполна од изолација.

15_resize

Вентилираната фасада и надворешните плафони се од првокласен сибирски ариш, а надворешните подови се од импрегниран бор на потконструкција од ариш.

Архитектите при проектирањето конципирале рационална организација на инсталациите, кои се компактно поставени во внатрешните јадра. Посебен предизвик биле деталите на фасадата, оградите и хидроизолацијата и фините завршни работи. „Добриот естетски и чист архитектонски кронечен изглед секогаш е резултат на прецизно проектирани детали, кои се состојат од одредени технички слоеви, односно инженерско-архитектонска логика“, заклучува Стреховец.

3_resize 5_resize 18_resize 16_resize 12_resize 8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top