Главниот град на Холандија има 767 километри велосипедски патеки. Граѓаните на Амстердам ги паркираат своите велосипеди покрај оградите на градските мостови, ги врзуваат со ланци за безбедност и тоа е грдо.
Граѓаните се пожалија дека им е одземен убавиот поглед од мостот поради паркираните велосипеди. Затоа властите во Амстердам решија да го решат проблемот со украсни цвеќиња што се закачени на оградите на сите мостови.
“Поради големиот број паркирани велосипеди покрај оградите на мостовите, просторот за пешаците е намален“, соопштија властите.
На велосипедистите нема да им биде забрането паркирање. Просторот што некогаш беше наменет за паркирање автомобили покрај каналите во Амстердам, сега ќе биде паркинг за велосипеди.
Пандемијата на коронавирусите дополнително го популаризираше возењето велосипед во градот. Според податоците на холандскиот институт за сообраќајни политики, во септември минатата година граѓаните поминувале во просек по 3,4 километри со велосипед, а во јули годинава 4,1 километар.