Kарлос Паскал, висок американски дипломат и поранешен пратеник за меѓународни енергетски прашања, изјави дека политичката криза во Украина довела до одлука во Брисел за целосно запирање на работењето на процесите во врска со изградбата на гасоводот „Јужен поток“.
„Овој гасовод не овозможува диверзификација на изворите на снабдување на гас во Европа, единствено со својата траса ја заобиколува Украина. За да може да се изгради овој гасовод, „Газпром“ и нивните партнери мора да добијат огромен број дозволи од Европската Унија. ЕУ најави дека го суспендирала тој процес и нема да дозволи нови чекори во таа насока“, појаснува Паскал.
Амбасадорот Паскал најави дека во отсуство на „Јужен тек“, единствената реална опција за снабдување на Балканот со гас е гасоводот ТАП. Тој гасовод треба да донесе азербејџански гас, кој ќе биде нов производ на европскиот пазар.