Утре, среда, 21.10.2020 година ќе се одржи Изборно собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, гласање за кандидатите за Претседател на УО на ААМ и Претседател на Собрание на ААМ.
Управниот одбор на ААМ заради ситуацијата со вирусот Ковид19 и заедничка сигурност одлучи Собранието да се одвива во изменети услови и на отворен простор. Заради помало собирање изборниот процес (гласање), ќе се одвива од 11 часот до 14 часот на влезното плато на Архитектонскиот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Во 14:30 ќе има свое кратко обраќање Претседателот на ААМ г-дин Мартин Пановски и новоизбраниот Претседател на ААМ.
Во предвидениот рок за пријавување на кандидати за Претседател на УО на ААМ и Претседател на собрание на ААМ, пристигнати се следните пријави:
За Претседател на УО на ААМ:
1. Хелена Мојсиќ, м-р.инж.арх
2. Проф. д-р Мишко Ралев, дипл.инж.арх
За Претседател на собрание на ААМ:
1. Искра Јанковска Михајловска, дипл.инж.арх
Сите членови кои имаат право на глас треба да носат личен документ за идентификација.