Насловна / Архитектура / Министерот Бочварски се сретна со Комората на овластени архитекти и инженери

Министерот Бочварски се сретна со Комората на овластени архитекти и инженери

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ. Примена на законот за урбанистичко планирање и очекувања од законот за градење беа дел од темите на кои претставници на КОАИ, денеска, разговараа со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На средбата со членовите на Управниот одбор, министерот доби информации и околу тарифникот за урбанистичко планирање и тарифникот за инженерски услуги, како и состојбата и потребата од обуки за примена на еврокодови.

unnamed (1)_resize

„Чест ми е што остварив средба со Комората, каде се запознав со  предизвиците и потребите на архитектите и инженерите и со ефикасното работење на Комората која е одлично пласирана во меѓународни рамки. Министерството за транспорт и врски секогаш е отворено за соработка и во таа насока заеднички ќе работиме на подобрување на дејноста. Очекуваме Комората да биде уште поактивна во дискусиите за донесување на новите законски и подзаконски решенија во сферата на градбата. Се надевам на натамошна успешна соработка за потребите на министерството и неговите активности. Овој сектор треба да го направиме уште поквалитетен“, рече министерот Бочварски.

unnamed1_resize

„Со министерот Бочварски разговаравме за актуелни прашања од коморското работење. Го запознавме со нашата организација и потребите од донесување и примена на одредени законски решенија, како и тарифникот за урбанистичко планирање и тарифникот за инженерски услуги. Многу важно прашање се и еврокодовите и нивната примена за усогласување во работењето со европските колеги“, рече претседателот на КОАИ, професор д-р Миле Димитровски.

unnamed_resize

Испрати коментар

Scroll To Top