Тим од истражувачи откри нов начин за испитување на металите на микроскопско ниво, преку брза примена на динамичко оптоварување врз материјалите и анализа на појавата на пукнатините во реално време. Резултатите од истражувањето се објавени во Science. Кога металните делови поставени на мостовите, авионите и други конструкции откажуваат и пукаат, резултатот е најчесто катастрофален. Оваа нова студија од Johns Hopkins University воведува нов метод за доверливо предвидување на ранливоста на конструкциите во многу порана фаза., отколку што тоа досега беше достапно со стандардните испитувања. „Сега ние имаме многу посеопфатни сознанија за причините кои доведуваат до пукнатини“ вели El-Awady, еден од авторите на студијата. “Практичната импликација е во предвидувањето „кога и како“ ќе дојде до лом ма материјалот. Кај авионите карактеристичен момент е промената на притисокот околу авионот, а генерално една од причините е континуираната промена во оптоварувањето која влијае врз внатрешната молекуларна структура на материјалот. Овие промени сега може да се забележат пред појавата на првите пукнатини, односно многу порано пред тие да претставуваат реална опасност. “Ломовите поради змаор на материјалот се присутни кај секој вид метал и нивното намалување е од огромно значење. Тоа е водечката причина за пукнатини на металните компоненти кај авионите“ вели El-Awady. Токму затоа, авиоиндустријата мора да врши редовна (и скапа) замена на голем број на делови. Но, експлоатациониот век на секоја компонента може да биде многу попрецизно предвидена ако се спроведе подлабинска анализа на потеклото на пукнатините. Токму новиот метод нуди фокусирање на обсервацијата на најмалата изводлива скала во микроструктурата на материјалот.