Thony Collection брендот го претстави својот луксузен кревет. Она што го прави овој кревет различен од сите други е фактот дека тој ротира за 360 степени, нудејќи максимален комфор за време на спиењето. Надворешната школка на овој кревет има вграден прстен од светлина што создава интересна атмосфера во спалната соба.
Креветот е дело на дизајнерот Гантер Тони од Лихтенштајн, а неговата елегантна форма им овозможува на корисниците слобода во поставувањето во спалната соба и со помош на механизмот можност за ротирање, да се сврти во која било насока – кон ТВ-екранот, прозорецот или ѕидот. Креветот е со димензии, дијаметар 240 сантиметри, а достапен е за купување со предходна нарачка.