Насловна / Вести / Францускиот град Гренобл ќе биде Европска зелена престолнина за 2022 година

Францускиот град Гренобл ќе биде Европска зелена престолнина за 2022 година

Градот Гренобл, на истокот на Франција, е именуван за Европска зелена престолнина за 2022 година, соопшти жирито од стручњаци на Европската комисија, кои секоја година почнувајќи од 2008, ја доделува оваа титула на европскиот град кој е пример во примената на мерки за заштита на животната средина и одржливиот развој. Наградата Европски зелен лист за 2021 година, ја добија градовите – Габрово во Бугарија и Лапенранта во Финска. Гренобл ќе ја наследи титулата од финскиот град Лахти, кој е добитник на оваа награда за 2021, додека актуелен носител на титулата е Лисабон. Во соопштението од 9-ти октомври, Европската комисија посебно ги истакнува достигнувањата на Гренобл во областа на ублажувањето на климатските промени, одржливата урбана мобилност, одржлива употреба на земјиштето, учавата и енергетските перформанси. Во периодот од 2005 до 2016 година, Гренобл ги намалил емисиите на штетни гасови за 25% и работи на нивно намалување за 50% до 2030 година. Со цел намалување на загадувањето со бучава, Гренобл има определено тивки подрачја во градот, промовира велосипедизам и ја ограничува брзината. Исто така, поттикнува отворање на приватни градини, вертикално озеленување и амбициозна програма за садење на дрвја.

grenoble1

grenoble2

Бугарскиот град Габрово е награден за својата посветеност на енергетската ефикасност и користењето на чисти технологии во текот на изминатата деценија. Градот има широк спектар на природни живеалишта на различни видови, и спроведува мерки за заштита на биодиверзитетот. Лапенранта е седиште на универзитет од светска класа за истражување и иновации, кој придонесува за градот во областите на зелена енергија, одржливост, циркуларна економија и сл. Тоа е прв град ба светот кој започнал со користење само на енергија од обновливи извори.

gabrovo1

Меѓу критериумите за доделување на титулата Европска зелена престолнина, се наоѓаат квалитетот на воздухот и водата, управувањето со отпадот, мобилноста, како и капацитетите за прилагодување и ублажување на климатските промени. Европската зелена престолнина, покрај титулата добива и парична награда во износ од 350.000 евра, а градовите кои ја добиваат наградата Зелен лист – 75.000 евра.

За Европска зелена престолнина можат да конкурираат градови со над 100.000 жители, а за наградата Зелен лист градови кои имаат помеѓу 20.000 и 100.000 жители.

 

Испрати коментар

Scroll To Top