Насловна / Архитектура / Училиште во Сплит кое му го враќа просторот на градот

Училиште во Сплит кое му го враќа просторот на градот

Основното училиште „Жњан –Паздиград“ во Сплит е прво училиште во градот изградено после 26 години и донесе нова димензија на истражување и проширување на архитектонските можности кои ги нуди типологијата на училишната зграда како јавна зграда и институција.

14_resize

Проектот на архитектите Мирела Бошњак, Мирко Бувиниќ и Маја Фурлан Зимерман од бирото „x3m“ и нивните соработници е добитник и на  престижната национална награда за архитектура во Хрватска на УХА, „Виктор Ковачиќ“ во 2017 година за најуспешно достигнување во сите области на архитектонското творештво.

10_resize

Ова училиште на жителите на населбата им враќа повеќе простор отколку што е површината на парцелата на која е изградено, бидејќи е проектирано како отворен јавен простор достапен за секого.

1_resize

Четвртта во Сплит, Паздиград, каде е изградено училиштето е област каде што, заедно со новоизградените станбени згради и продажни центри, сè уште има занемарени земјоделски земјишта, градини, овоштарници и пластеници, како и семејни куќи. Јавниот простор на станбената област е сведен исклучиво на уличната мрежа, што се карактеризира со изразит недостаток на хиерархија и неповрзаност.

22_resize

Просторот предвиден за изградба на училиштето уште во конкурсната фаза (проектот е награден со 1-ва награда на јавен конкурс од 2009 година), освен како место за образование, замислен е и како отворен јавен простор достапен за сите жители на населбата, кој треба да стане место за дружење, игра и рекреација со цел зајакнување на заедништвото.

2_resize

Топографијата на теренот (значителен пад на теренот) искористена е за да се умножи расположивиот простор на парцелата со изведување на низа плочи („палуби“) кои се нижат една над друга. Помеѓу и на „палубите“, формирани се просторите на училиштето, сали, спортски терени и игралишта, како и отворени (јавни) простори, достапни за сите жители на населбата. Количината на јавен простор ја сокрила големината на училиштето, посочуваат архитектите.

15_resize

Површината на парцелата изнесува 11.600 квадратни метри, додека збирот на површините достапни за јавно користење е 12.100 квадратни метри, што значи дека и се „враќа“ на населбата повеќе простор отколку што е самата површината на парцелата на која е изградено училиштето.

4_resize

Можноста за вертикално распоредување на различни содржини ја олеснило функционалната организација на училиштето. На најниското ниво (сутерен), кое е од три старни вкопано во  теренот, има засолниште, технички и економски простори, како и склоп спортски сали со соблекувални. Влезовите за техничкиот персонал и надворешните корисници на салата се одделени од главниот влез во училиштето, кое се наоѓа на горното ниво.

11_resize

Наткриениот училишен плоштад ги поврзува влезот во училиштето и влезот во салата за гледачи, а преку него е формирана и пешачка врска (премин), кој ги поврзува јужната и северната страна на парцелата на која се наоѓаат спортските терени на отворено и училишната градина.

На приземјето, покрај влезниот хол, има повеќенаменски простор, библиотека, трпезарија, гардероба, сала за состаноци и простории за администрација. Поставеноста на атриумот до повеќенаменскиот простор и библиотеката обезбедува добро осветлување на просторот и овозможува дополнителна флексибилност во начинот на користење на заедничките простории на училиштето. На првиот и на вториот кат на училиштето се училници за оделенска и училници за кабинетска настава со свои кабинети и помошни простори. Училиштето е наменето за настава во две смени со капацитет од 780 ученици.

13_resize 21_resize

Изградени се спортски терени и на покривот на салата. Овој вреден простор, со најатрактивен поглед, даден е на користење на сите жители на населбата.

Покривот на училиштето е зазеленет со засадување на растенија, складиштето за дождовницата се користи за наводнување на надворешните површини, системот за греење и подготовка на топла вода е дополнет со поставување на соларни колектори, а предвидена е и можност за изведување на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија.

3_resize

Според енергетскиот сертификат, училишната зграда е класифицирана во А класа.

Фасадата на училиштето е изработена од бетон на кој е аплицирано дизајнерско решение на Никола Ѓурек.

Покрај наградата на УХА, училиштето е добитник и на „Владимир Назор“ – годишна награда на Министерството за култура на Хрватска за најдобри уметнички достигнувања (категорија архитектура и урбанизам) за 2017 година (доделена во 2018 година).

5_resize

Исто така училиштето е номинирано за EU Mies van der Rohe Award 2019, Piranesi Award – 2019, Медал за архитектура на Хрватската архитектонска комора – 2018 година и Награда на загребскиот саем на архитектура 2019.

16_resize 6_resize 7_resize 8_resize 12_resize 18_resize 20_resize 19_resize 17_resize 23_resize

Испрати коментар

Scroll To Top