Научниците Roger Penrose, Reinhard Genzel и Andrea Ghez, се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година, за откритието на една од најегзотичните појави во вселената – „црните дупки“. „Откритијата на овогодишните лауреати се нова основа во проучувањето на компактни и супермасивни објекти“, изјавил David Haviland, претседавач на Нобеловиот комитет за физика, при доделувањето на наградата чиј паричен износ е 10 милиони шведски круни (1,1 милион УСД). Првата половина од наградата е доделена на Penrose (89) од Велика Британија, за математичките методи во истражувањето на општата теорија на релативитетот на Ајнштајн. Тој покажал дека теоријата го навестува формирањето на „црните дупки“ – „чудовишта во времето и просторот кои фаќаат се што влегува во нив“, се истакнува во соопштението. Втората половина од наградата ја делат германецот Genzel (68) и американката Ghez (55), кои откриле „супермасивен компактен предмет во центарот на нашата галакција“, изјавил генералниот секретар на Академијата Goran Hansson.