Насловна / Архитектура / Нејнеобичниот граничен премин на светот

Нејнеобичниот граничен премин на светот

Можеби сте навикнале, да ги гледате малите стаклени куќарки, за пасошка контрола, на речиси секој граничен премин во светот. Нема голема разлика, кога се во прашање граничните и царинските терминали. Тие се без душа. Треба да укажуваат на сериозност, да ве потхрануваат со некаков страв, да знаете дека сте на граничен премин.

premin2_resize

Но, помеѓу Грузија и Турција, се наоѓа граничниот и царински терминал „Сарпи“, кој е далеку од стандардната слика.

Изграден е во 2011 година, во рок од една година, на барање на Министерството за финансии на Грузија. Овој граничен премин на Црното Море е дизајниран од берлинскиот архитект Јирген Мајер.

premin8_resize

„Бев инспириран од можноста за преглед од зградата. Сакавме да ја отвориме границата како место за излегување и исполнување, поздравувачки знак за земја во динамична трансформација“, вели Мајер, кој сакал од објектот да направи своевиден туристички комплекс.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Имајќи предвид, дека објектот се наоѓа непосредно до плажа, многумина сметаат дека станува збор за хотелски комплекс. Онака, како што се наближувате кон него, разбирате дека тоа е граничен премин, но сепак сè уште ја имате таа смиреност, бидејќи гледате нешто невообичаено за вакви објекти.

Објектот официјално има две нивоа, приземје и кат, но во суштина самата кула има пет ката.

premin4_resize

Царинската контрола, се наоѓа во конзолна кула, која има несекојдневна форма и која во суштина ја содржи сета перспектива на објектот. Освен канцелариите, во овој дел има и кафетерија, сала за конференции и слично, што пружа несекојдневен поглед на Црно Море и на околината. Овој дел, не е само строго административен, туку напротив, за кафе е добредојден секој, кој сака да одмори и да фрли поглед на воденото огледало. Белата структура, има врежани кривини и тераса, што значи секој кат е еден вид на платформа за гледање со тераса.

premin9_resize

Следниот пат, кога ќе свратите на некој граничен премин, ако сте го прочитале овој текст, сосема сме сигурно дека ќе се сетите на Сарпи, граничниот премин на Грузија, кој наместо бетонско класично сивило, ви наметнува друг имиџ за една граница и една држава.

premin7_resize

premin6_resize premin5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top