Дури и со развојот на архитектонски стилови, типичниот облик на куќата е помалку или повеќе ист: едноставна кутија со неколку прозорци и врати. Затоа, на прв поглед, тешко може да се каже дека новиот дизајн на студентот по архитектура Gonzalo Vaíllo Martínez е воопшто куќа.
Неговата „течна“ куќа, инспирирана од микроцелуларни системи и биогенетика, е дизајнирана за да биде направена од бетон и отпечатени 3Д панели. Куќата е направена од три главни делови. На надворешните ѕидови, панелите се отвораат и затвораат како шкрги за да ја пуштат светлина и воздухот во внатрешноста.
Овој млад дизајнер вели дека куќата може да се изгради, но тоа нема да биде лесно. Технологијата потребна за овој тип на градба постои, но таа се користи во други области.
„Ако се искористат овие ресурси за архитектонски цели, тогаш ние целосно би можеле да ги промениме можностите на она што го подразбираме под архитектура“, објаснува Martínez.