Насловна / Арт и дизајн / Smeg и Dolce & Gabbana со колекција фрижидери

Smeg и Dolce & Gabbana со колекција фрижидери

Кога станува збор за брендот  Dolce & Gabbana, секој производ што го носи нивниот потпис неизбежно е луксузен.

Без разлика дали станува збор за лимитирана едиција тестенини или интригантно дизајнирани кујнски апарати, брендот  Dolce & Gabbana секогаш дава се од себе. Така е и со нивните дизајнерски фрижидери. Dolce & Gabbana и Smeg повторно здружени го создале овој производ.

6_resize

Како и секогаш, во соработка со брендот Smeg, Dolce & Gabbana произведе 100 фрижидери кои се рачно насликани од врвни уметници, кои се избрани лично од славниот моден двоец, Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Еден од уметниците за кој фрижидерите биле величенствени платна е и Салваторе Сапиенца, кој целосно го трансформирал овој уред со романтични сцени од Италија. Секој модел доби колекција на дизајнерски елементи кои му оддаваат почит на италијанското наследство.

2_resize 1_resize

Двете компании припаѓаат на два различни креативни сектори, но ги обединуваат силни вредности и традиција на извонредност, „Made in Italy“.  Споделуваат слично потекло вкоренето во семејството и локалната територија, тие имаат длабока почит кон традицијата и нивната креативност им овозможува вешто да комбинираат епохи, различни специјалности и сензибилитет.

4_resize

Како што е наведено во официјалното соопштение на брендот: „Екстравагантен луксуз е комбиниран со утилитаризмот во новата соработка на Smeg и Dolce & Gabbana, која ни нуди серија кујнски апарати Made in Italy, со ексклузивни нумерации“. Како што можеби претпоставувате, цената на овие фрижидери е висока изнесува 40 000 американски долари.

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top