Од 1. до 3. октомври во Јавна Соба се одржа Моден Викенд Скопје каде беше претставена и колекцијата МакАрх и проектот „Urban Snake“.
Urban Snake е проект изработен од студенти од факултет по архитектура, дизајн и машински факултет за време на „Работилница Редизајн на Јавни Површини Скопје“ одржана во декември 2019та година, организирана од „Скопје Лаб Центарот за Иновации“ на Град Скопје во соработка со МЕЛЕЕМ. Локација за проект беше дворот на Студентскиот дом Гоце Делчев. Ментори на оваа група се архитект Сара Симоска и инженер Владимир Ѓоргиевски, а тимот на студенти Сандра Николовска, Катерина Пановска, Кристијан Арсовски, Александра Христовска, Томислав Поповски, Ермал Белули и Марија Трајаноска.
За овој проект се собираат донации од граѓани и фирми, преку crowdfunding кампањата во организација на МЕЛЕЕМ-Скопје, а од каде произлезе и МакАрх колекцијата. Целта е на овој начин да се поттикнат граѓаните да оформат чувство за јавните простори, да се зголеми колективната свест за јавната средина, пред се за својот град. Секој кој сака да придонесе за овој проект, може да го направи истото со купување на маица,торба,маска,блузон или чаша од МакАрх колекцијата. Сите средства одат како донација за изработка на урбаната интервенција.
МакАрх колекцијата е резултат на огромна почит кон првата генерација македонски архитекти и желбата за нивно претставување на пошироката публика. Овие архитекти ги поставиле темелите на Скопје и на архитектурата во земјава, преку објекти како што се поштата, ГТЦ, домот „Гоце Делчев“, Владата, Македониумот, НБРМ и други. Идејата да бидат ставени на маици, торби и чаши е да се создадат од нив идоли и што е можно повеќе луѓе да почнат да ги носат, а со тоа да се запознаат подобро со архитектурата на нашата земја.
Секоја донација е важна, од најмала до најголема. Цената на производите е 600 денари. На овој линк можете да се информирате за начинот на кој можетете да купите производ и да донирате.