Насловна / Вести / Сепак нема да има хидроцентрали на албанската река Вјоса

Сепак нема да има хидроцентрали на албанската река Вјоса

Хидроцентралите планирани на долниот и горниот тек на реката Вјоса во Албанија, нема да бидат изградени. Би можело да се каже дека до ваквиот исход доведоа бројните и долгогодишни апели и протести на граѓаните, граѓанските организации од целиот свет, познати глумци и музичари. Откако албанскиот претседател Илир Мета изјави дека е против изградбата на брани на оваа река, и дека е за прогласување на национален парк „Вјоса“, на твитер се огласи и албанскиот премиер Еди Рама.

Владата го прогласила горниот тек на реката Вјоса за национален парк, а Министерството за животна средина и официјално одбило да издаде дозволи за хидроцентрали во долниот тек на реката. Изјавите на двајцата лидери следуваат две недели откако Секретаријатот на Енергетската заедница покрена спор во врска со проценката на влијанието врз животната средина за ХЕ „Поцем“ на реката Вјоса. Според мислењето на Секретаријатот, проценката не е направена во согласност со правните придобивки на Енергетската заедница за животната средина.

vjosa1

vjosa2

Случајот во врска со ХЕ „Поцем“ е отворен откако EcoAlbania, Riverwatch и EuroNatur и упатија жалба на Енергетската заедница поради одобрението за оваа и за уште една хидроелектрана.  „Сега е вистинското време да се започне дијалог помеѓу експертите, властите и граѓанското општество за иднината на оваа река и воспоставувањето на националниот парк Вјоса“, вели Ulrich Eichelmann, извршен директор на организацијата Riverwatch.

Еден од првите поголеми настани во борбата против хидроцентралите на Вјоса, беше акцијата Balkan Rivers Tour, која се заврши со протест во Тирана во 2016 година. Тој протест е организиран во рамките на кампањата Save the Blue Heart of Europe, покрената од страна на EuroNatur и Riverwatch, со цел да ги заштитат балканските реки од негативните ефекти на проектите за изградба на хидроцентрали.  Информациите за опасноста која се надвисна над убавините на реката Вјоса добија огромен публицитет и допреа до многу делови на светот. Така, околу 150 национални и меѓународни невладини организации, му испратија отворено писмо на премиерот Рама, барајќи забрана за изградба на хидроцентралите, а холивудскиот глумец Леонардо Ди Каприо исто така се огласи со барање да се зачува оваа река.

vjosa3

DCIM100MEDIADJI_0091.JPG

Испрати коментар

Scroll To Top