Со цел да ги поттикне луѓето на поздрав и одржлив живот во домот, компанијата IKEA ги повлекува од асортиманот на своите производи сите алкални батерии кои не можат да се полнат, до октомври 2021 година.
Неколку понови студии покажуваат дека влијанието на алкалните батерии врз животната средина е поголемо во споредба со батериите кои может да се полнат. Кона на пример сите купувачи на IKEA би преминале од алкалните батерии ALKALISK на батерии кои се полнат LADDA, истите би ги користеле кај уредите со висока потрошувачка и би ги полнеле само 50 пати, пресметките покажале дека ширум светот би се намалила количината на отпад за 5.000 тони годишно. Со оглед дека една LADDA батерија може да се полни и до 500 пати, потенцијалот за намалување на отпадот реално е поголем од пресметаниот.