Насловна / Вести / Во Англија воведена забрана за продажба и испорака на пластика за еднократна употреба

Во Англија воведена забрана за продажба и испорака на пластика за еднократна употреба

Забраната за продажба и испорака на пластични предмети за еднократна употреба, цевки, лажици и стапчиња за уши стапи на сила во Англија со шестмесечно доцнење поради пандемијата на Корона вирусот.

Anglija

Целта е да се намали загадувањето предизвикано од употреба на пластични предмети за еднократна употреба.

Новиот закон предвидува исклучоци за одредени медицински помагала.

Владата проценува дека граѓаните на Англија трошат 4,7 милијарди пластични цевки, 316 милиони пластични лажички и 1,8 милијарди стапчиња за уши годишно.

red cotton bud

Активистите за заштита на животната средина го поддржаа потегот на владата, но истакнаа дека законот не е сеопфатен.

Тие посочуваат дека штетните гасови и токсични материи се ослободуваат дури и кога овие предмети се направени и уништени.

Шкотска забрани употреба на пластични производи, а Велс и Северна Ирска треба да го сторат тоа наскоро.

Anglija2

Испрати коментар

Scroll To Top