Во Музејот на современата уметност Скопје се отвори изложба на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски, а се промовираше и книга фотографии под ист наслов, на издавачката куќа „Антолог“.
Во книгата и изложбата избрани се 88 колор фотографии, создавани во период од десет години на улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас.
„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“.
Со „Таму“, Манчевски го промовира новиот хештаг #никропнифотошоп (#nocropnophotoshop) со кој посочува дека неговите фотографски дела, не се ниту кропирани, ниту манипулирани во пост-продукција. Тие се моменти на уличното секојдневие естетизирани во мигот на улов.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р. С. Македонија како дел од Годишната програма за 2020. Изложбата ќе биде отворена до 1. ноември годинава.
ФОТО: КИРО ПОПОВ