Насловна / Вести / Sonar – нова колекција за бањи

Sonar – нова колекција за бањи

Дизајнерката и архитект, Patricia Urquiola разви нова колекција за бањи на меѓународно познатиот производител Laufen, наречена Sonar.

4_resize

Со оваа колекција, Laufen ја претстави својата трета генерација на SaphirKeramik. Прославената дизајнерка создаде посебен формален јазик полн со префинетост, давајќи му на извонредниот керамички материјал тродимензионална текстура. Нејзината цел била да ги истражи формалните и функционалните својства, како и декоративните аспекти на материјалот и да ги претвори во елегантна, иновативна колекција.

12_resize

Оваа колекција најдобро ја дефинира нејзината експресивност и минималистички стил. Нејзиниот формален јазик си поигрува со лакови и агли, нагласувајќи ги витките линии на SaphirKeramik.

2_resize

„Како метафора, името Sonar е поврзано со вода: во оваа форма на ехолокација, се емитуваат звучни импулси за да се идентификуваат предметите под вода. Ми се допадна идејата да ги користам малите бранови генерирани од звукот. Текстурата од надворешната страна на чиниите на мијалникот е моделирана според овие бранови. Не само што сакав да работам со леснотијата на керамиката, туку сакав и да изнајдам начин да ја дизајнирам нејзината површина “, вели Patricia Urquiola.

11_resize

Колекцијата Sonar вклучува широк спектар на елементи, како што се стоечки и ѕидни мијалници, две чинии за мијалник, двоен сад за мијалник и када што ја комплетира колекцијата и има интегриран простор за складирање. Шкафчињата и мебелот ги карактеризираат закривени линии и агли збогатени со метални завршетоци.

3_resize 5_resize 1_resize 6_resize 10_resize 8_resize 13_resize 7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top