Насловна / Вести / Поставен е климатски часовник кој потсетува колку време ни останува да ја спасиме планетата Земја

Поставен е климатски часовник кој потсетува колку време ни останува да ја спасиме планетата Земја

Бројачот што секој ден ќе нè потсетува дека времето на нашата планета истекува се наоѓа во Њујорк – на местото на познатата уметничка инсталација „Метроном“ на Менхетен, најгусто населената урбана област што се смета за економски и културен центар во цел САД. Според предупредувачката порака што ја испраќаат, броевите на дигиталниот бројач се црвени.

saat

Со оглед на тоа што жителите на Њујорк не ја сносат целата вина за покачувањето на температурата и не треба да бидат единствените што можат да сторат повеќе во борбата против глобалното затоплување, климатскиот часовник може да се види и да се пристапи до него од каде било во светот, во кое било време, на веб страницата Climate Clock.

Климатскиот часовник е создаден во соработка со уметници, научници и активисти, а негови креатори се Ган Голан и Ендру Бојд, пишува порталот Клима 101.

Часовникот во Њујорк е виден на 21 септември. Тимот кој стои зад овој проект сè уште ја бара неговата постојана адреса на живеење и тој се надева дека неговите клонови ќе се појават во многу градови со цел да се интензивира ефектот.

Земјата има ограничен буџет за јаглерод. Со цел да се избегне катастрофално сценарио – поплави, суши, глад, миграции, вооружени конфликти поради недостаток на ресурси и страдања, можеме да потрошиме само уште околу 306,5 милијарди јаглерод. Ако се држиме до тоа, нема да го надминеме критичниот праг на пораст на температурата од 1,5 степени Целзиусови.

saat1

За да се продолжи животниот век на планетата, потребно е:

–          Да произведуваме повеќе енергија од обновливи извори и да ја намалуваме потрошувачката на фосилни горива,

–          Да ги повикуваме властите да ја поддржат транзицијата на зелената енергија,

–          Треба повеќе да пешачиме, возиме велосипед, користиме јавен превоз или се движиме „на струја“,

–          Да избегнуваме да патуваме со авион,

–          Да садиме дрвја,

–          Да штедиме,

–          Да ја зголемуваме енергетската ефикасност и на јавните згради и во приватните домови,

–          Да правиме избори на потрошувачи што се помалку штетни за природата и општеството,

–          Да бидеме поодговорни „цимери“ кон животните и растенијата,

–          Да јадеме локално произведена храна и да го намалуваме внесувањето месо и млеко (или целосно ги елиминираме),

–          Да расчистиме по себе, наместо да валкаме,

–          Да ја зазелениме свеста на оние кои живеат потполно несвесни за мрачната ситуација во која се наоѓа човештвото

Да ги синхронизираме нашите часовници со Земјата!

Испрати коментар

Scroll To Top