Во некои држави како што се Данска и Финска, законските регулативи дозволуваат станбени згради изградени од материјали од дрво со висина до четири ката, додека во Швајцарија тој лимит изнесува шест ката. Во Англија пак, највисоката станбена зграда од дрво изнесува седум ката.
Шумарството и дрвната индустрија можат многу да и помогнат на Европската Унија да ги достигне целите на договорот од Кјото за заштита на животната средина и намалување на емисијата на јаглероден диоксид. Не само со зголемувањето на шумските капацитети, туку и со употреба на градежен материјал, кој за време на целиот свој животен циклус впива јаглероден диоксид од атмосферата.
Постојат три основни критериуми, кои треба да се запазат при изборoт на градежен материјал во однос на загадување на човековата околина. Тоа се: енергијата употребена за производство на материјалот, способноста на материјалот да зачува енергија во периодот на неговата употреба и рециклирањето и финалниот одпад кој ќе се добие од тој материјал по неговата употреба. Ова е комплексен процес на којшто владите од Европската Унија сè повеќе обрнуваат внимание, и со нови регулативи се поттикнува развојот и употребата на еколошки материјали во архитектурата и градежништвото. Со овие регулативи се овозможува во процесот на проектирање да се утврди влијанието на одреден материјал врз животната средина при употребата и рециклирањето, и да се спореди со трошоците за градба и одржувaње во периодот на употреба.
Со помош на оваа проценка може да се пресмета влијанието на компонентите употребени во градбата, во животната средина. Проценката станува се поважна со самото тоа што сè повеќе се бара од проектантите, како задолжителен дел при проектирање на објектот и изборот на материјали од кои тој ќе биде изграден, да се земе предвид од каде доаѓа материјалот, како се употребува, сè до финалното рециклирање или фрлање како отпад. Овој пристап не може секогаш да се употреби во споредба на материјали кои доаѓаат од различни земји, бидејќи многу од земјите имаат различни клими, извори на енергија, различни проектантски обичаи и регулативи, инфраструктура, политички влијанија и методи на градба. Сите овие фактори ќе имаат влијание врз проценката на циклусот на употреба на материјалот. Продукциска фаза – енергијата потрошена за екстракција, продукција и транспорт на материјалот
Енергијата употребена за екстракција и продукција на материјалот се вика енергeтски учинок. Во генерална смисла, што повисок енергетскиот учинок, тоа повеќе емисија на јаглероден диоксид во атмосферата при добивање на материјалот. Во споредба со други материјали како што се челик, бетон, алуминиум и пластични маси кои имаат многу висок енергетски учинок, дрвото има многу понизок, а во зависност од степенот на обработка на дрвото може да има и негативен енергетски учинок благодарение на впивањето на CO2 од атмосферата за време на неговото растење. Кај материјалите како што се челик и алуминиум, дури и во нивната фаза на рециклирање има потреба од големи количини на енергија.
Фаза на употреба Европските влади сè повеќе донесуваат легислативи за подобрување на термалната ефикасност и намалување на енергијата за време на употреба на зградата. Ова се одразува највеќе на фасадната ефикасност на објектот и се пристапува исто кон сите видови на материјали. Но сепак, природните термални својства на дрвото ја прават зградата поисплатлива при градење на енергетски ефикасни градби отколку бетонски блокови, тула или друг вид на материјал. Покрај тоа, трослојни прозорци можат поедноставно да се произведат од дрво, а пак подовите од дрво овозможуваат подобра топлинска изолација од бетонски. Ова е особено практикувано во ладни клими, каде со интелегентно проектирање и употреба на изолационен материјал се постигнуваат пријатни услови за живеење и на надворешна температура под нулата.
Крајна фаза Дрвото и дрвните материјали имаат единствена крајна фаза. Покрај рециклирањето во нуспроизводи како пилевина, или дрвни честички за плочи, многу други производи можат да се добијат од рециклирано дрво. Исто така, дрвото може да се искористи и како замена за фосилните горива за добивање на енергија, притоа испуштајќи ја количината на CO2 во атмосферата што првично ја отстранува.
Вкупна цена на објектот од производство до рециклирање Во процесот на развој сè повеќе ќе се бара баланс помеѓу влијанието на животната средина и финансиската исплатливост. Овој принцип е често употребуван и овозможува споредување на трошоците на проект, кој треба да биде направен со временскиот период на користење, земајќи ги предвид сите релевантни економски фактори на иницијалниот влог и трошоците за одржување. Заедно со проценката на циклусот на употреба, овие два принципи можат да дадат темелна економска анализа и анализа на влијанието врз животната средина, и да овозможат поедноставување на одлуките што треба да се донесат за отпочнување на процесот. Она што може да изгледа како поприфатлива цена на првичната инвестиција во процесот на проектирање, може трошоците за одржување и на крај за рециклирање да бидат значително повисоки.
Колку CO2 може да се спречи користејќи дрво? Енергијата што се користи при градење на објект, вклучувајќи производство на материјалот, транспортот и подигнување на објектот, е значително помала кај објектите изградени од дрвени материјали отколку останатите алтернативни материјали. Од следниот графикон може најсликовито да се види колку тони CO2 се испушта во атмосферата при производство на следните материјали:
Шуми во светот Шумите во светот покриваат приближно 40 милиони км2, или кажано во проценти околу 30% од копнената површина на Земјата. Опаѓањето на шумите е пред сè заради непрописната сеча во тропските дождовни шуми. Шумите во светот се распространети нееднакво. Десетте држави со најголеми шуми содржат 2/3 од целокупниот шумски капацитет во светот.
Засади две до три дрјва годишно и биди CO2 неутрален! Во просек еден Европеец е одговорен за испуштање на 12 тони CO2 во атмосферата на годишно ниво. Додека едно созреано дрво, подготвено за сеча може да апсорбира приближно 5 тона CO2. Со засадување на две до три дрвја годишно, просечниот Европеец ќе живее CO2 неутрален живот доколку, се разбира, се дозволи дрвјата да пораснат до нивниот полн капацитет. За жал, во шумите новите насади некогаш се сечат и се употребуваат за добивање на хартија, композитни материјали и друго. 1м3 дрво отстранува два тона CO2 од атмосферата Кога дрвото се употребува наместо челик или бетон, има две големи еколошки придобивки. 1.
Приближно еден тон CO2 се апсорбира во еден метар кубен дрво за време на неговото растење. 2. Во просек еден тон CO2 помалку се испушта во атмосферата за производство на еден метар кубен материјал од дрво во споредба со материјали како челик или бетон. Ова значи дека два тона CO2 помалку се испуштаат во атмосферата со изборот на дрвото како материјал во индустрии како што е на пример градежништвото. Понатаму, уште една, трета голема придобивка е тоа што на крај од употребата на дрвото, тоа може да се искористи за добивање на топлинска енергија, заменувајќи ги проблематичните фосилни горива и природен гас.
Многу држави во Европа веќе поставија обврзувачки закони да го намалат испуштањето на CO2 според Протоколот од Кјото, а тоа важи и за изборот на материјалите за градба. Во многу случаи, ова придонело за поголема употреба на дрвото како материјал за градење, во замена за челик и бетон. Во некои држави како што се Данска и Финска, законските регулативи дозволуваат станбени згради изградени од материјали од дрво со висина до четири ката, додека во Швајцарија тој лимит изнесува шест ката. Во Англија пак, највисоката станбена зграда од дрво изнесува седум ката.