Оваа зграда се карактеризира со бетонска конструкција која со својот изглед потсетува на бруталистички стил на градба. „Casa Trevo“ се наоѓа во пошумено подрачје во Португалија и зафаќа површина од 300 квадратни метри. Двоспратната куќа на кровот има вграден базен и три поплочени тераси во рамките на кои има отвори кои обезбедуваат продирање на сончевата светлина во внатрешноста на зградата. Бетонската конструкција е во форма на детелина со три лисја, по што го добила и името.
Куќата е изградена пред неколку месеци на песочна основа во борова шума. Внатрешноста е толку организирана што просториите се наоѓаат околу три кружни надворешни тераси. Големите отвори за дневната соба долу и спалните соби горе делуваат како продолжетоци на ентериерот и како светлосни тунели. Во долниот дел од зградата, околу централниот атриум, кој е исполнет со светлина, има соби кои вклучуваат трпезарија, дневна соба, бања и кујна. Горе има три спални соби со три бањи.
На кровот има базен, што е прилично видливо, особено ноќе поради инсталираното осветлување. Исто така има и тераса и соларни панели. До областа на кровот може да се стигне преку надворешни или внатрешни скали.