Мајкл Рејнолд е американски архитект кој се смета за творец на earthship методата на градба. Познат е како заговорник на радикалниот одржлив начин на живот и критичар на современата архитектура, која не е во состојба да се носи со огромните количини отпад кои се генерираат при градбата. Своите earthship куќи ги градел на разни локации ширум светот, а последната се наоѓа во Ушуаја во Аргентина.
Оваа куќа е изградена со помош на 333 автомобилски гуми, 3000 лименки, 5.000 пластични и 3.000 стаклени шишиња. Има површина од 50 m2, а во градбата учествувале 60 луѓе, меѓу кои и неговите студенти. За производство на електрична енергија се користат фотоволтаични модули и ветерна турбина, а куќата поседува и систем за собирање на дождовница и прочистување на отпадни води.
Внатрешноста на куќата е топла во зима благодарение на правилната ориентација. За луѓето што ја изградиле оваа куќа, не е важен само концептот на одржливост. На овој начин тие им оддаваат признание на материјалите со кои секојдневно се служиме, а на крајот завршуваат на депониите.