Насловна / Архитектура / Во Токио куќа без кров над дневната соба

Во Токио куќа без кров над дневната соба

Цената на земјиштето во Токио е исклучително висока, а притоа постои регулатива според која е дозволено да се градат максимум 12 квадратни метри по член на домаќинство, што значи дека ова петчлено семејство би можело да има куќа од најмногу 60 квадратни метри. Меѓутоа, во Јапонија, под корисна станбена површина се рачуна смо простор сместен под кров, што ова петчлено семејство го искористило на итар начин.

1_resize

За да го „измами“ законот, семејството одлучило да живее во куќа без покрив над зоната на дневната соба, што е скоро половина од куќата, и со тоа си обезбедиле поголема квадратура на куќата.

2_resize

Дневна соба без кров

Проектот на оваа необична куќа, која според документите има само 57 квадратни метри, го потпишува бирото Yoshitaka Suzuki and Associates, кое ја проектирало така што од улицата куќата изгледа како останатите соседи, додека внатрешноста е сосема поинаква, пишува  ArchDaily.

15_resize

Гледајќи ги основите на двоспратна куќа, може да се каже дека нејзината организација на просторот е едноставна и вообичаена, се доделка не ја видите основата на кровот и фотографиите и сфатите дека над дневната соба не постои кров.

4_resize 13_resize

Секојдневниот живот во куќата е изложен на небото и целосно е насочено кон моменталните климатски услови. Бидејќи кровот не постои, дождот, снегот, ветерот можат да навлезат во внатрешноста на куќата, а и бубачките исто така можат да ја посетат куќата. Сепак, ова семејство ужива секој ден и го гледа животот дома како авантура.

3_resize 5_resize

Во куќата со чадор

Се разбира, не е сè толку изложено. Благодарение на подвижните застори, внатрешноста на куќата може да биде заштитена од дожд или сонце. Сепак, постојат и ситуации кога децата трчаат на дождот под чадори, додека во тек на жешките денови поставуваат базен среде дневната соба. За време на летните ноќи, во вреќи за кампување и покрај огнот уживаат со пријателите под отворено небо.

11_resize

Половен мебел

Парот бил посветен и на дизајнот на ентериерот, па првичните скици ги направиле сами. Тие исто така сакаат сами да прават мебел, купувајќи често половни парчиња мебел, кои ги преработуваат според своите потреби и естетика.

6_resize 9_resize 14_resize 7_resize 8_resize 10_resize 12_resize

Испрати коментар

Scroll To Top