Познатиот британски исражувач Сер Дејвид Атенборо за првпат се пријави на Инстаграм со цел да помогне со ширење на на неговата порака за заштита на животната средина, јавува Би-Би-Си.
„Го правам овој потег … затоа што, како што сите знаеме, светот е во неволја“, рече тој во својата прва видео порака на социјалната мрежа.
“Континентите горат. Глечерите се топат. Коралните гребени умираат … Списокот продолжува и продолжува”, вели тој.
За еден час од неговата прва објава, тој имаше повеќе од 200.000 следбеници, а до 16:15 часот BST имаше 1,2 милиони следбеници.
„Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик.“
Тенисерот Сер Енди Мареј, фитнес-тренерот и нутриционист Џо Викс беа меѓу оние кои објавија пораки за добредојде.