Граѓаните на Берн одржаа масовен протест на кој неколку илјади луѓе се собраа во центарот на градот, носејќи пароли против тенисерот Роџер Федерер, нивниот спортски идол, на кој му забележуваат затоа што не го раскинува спонзорството со Швајцарската кредитна банка, која не се грижи за еколошките стандарди и инвестира во фосилни горива.
Иако Роџер Федерер веќе подолго време го нема во јавноста, како и на тениските терени поради закрепнувањето по операцијата, неговото име се наоѓа во локалните медиуми секој ден поради протестите што избувнаа деновиве во Швајцарија токму поради тенисерот.
Борците за екологија и заштита на животната средина носеа голем транспарент на почетокот на колоната со натпис „Роџер, разбуди се“.
Тие протестираа затоа што Федерер одбива да го прекине спонзорството со компанијата чие заштитно лице е, а која не се грижи за еколошките стандарди и за климатските промени.
На чело на колоната, луѓето носеа и рекети, а целиот транспарент беше направен на тениска мрежа, со голем број на пораки во кои се критикуваше швајцарскиот тенисер.
Уапсени се и неколку активисти, а тие, како што пренесуваат агенциите, најавуваат нов протест за денес, на кој планираат да го заземат центарот на градот.