Насловна / Вести / Куќа од дрвена тула што може лесно да се состави за неколку дена

Куќа од дрвена тула што може лесно да се состави за неколку дена

Француската компанија Brikawood е пионер во градењето куќи со употреба на систем што користи тули направени од дрво што се поставуваат со основен алат, чекан на вистинското место. По десет години работење, има продадено повеќе од сто единици и ја лиценцираше технологијата во Унгарија и Холандија. Станбената единица направена со помош на овој систем е непропустлива за воздух и вода. Изградбата на 120 квадратни метри може да се подигне за 15 дена.

kuka

„Тулите“ се формираат од панел на одржливо растена ела Даглас, кои се прицврстени едни на други со само-затегнувачки споеви. Ѕидовите на овој начин имаат исклучителна цврстина и стабилност. Ѕидните шуплини што ги формираат клетките се исполнети со струготини произведени за време на обработката што служат како изолација. Поради ова, како и непропустливоста, конструкцијата го исполнува стандардот на пасивна куќа за енергетска ефикасност, што значи дека и треба многу малку греење или ладење. Конечниот третман се состои само од премаз со ленено масло бидејќи е дизајниран да „функционира“ независно, без надворешни фасади, малтерисување итн.

kuka1

Дрвените компоненти се обработуваат според 3Д цртежот на архитектот и се доставуваат до градилиштето во палети, со упатства за инсталација. Покрај тоа, се испорачуваат и кровни носачи и други склопови и делови од столарија. Ако куќата е помала од 50 квадратни метри, сопствениците можат сами да ја состават со основни алатки и без градежно искуство, додека поголемите ги составува обучен тим од компанијата Brikawood. „Комплетите“ се движат од 20 до 300 квадратни метри. Конструкциите можат да бидат катни. Трошоците за изградба се релативно ниски и изнесуваат околу 1.300 евра за метар квадратен.

kuka2

kuka3

Испрати коментар

Scroll To Top