„Авангарда“ (Avanguardia) е концепт на нова мегајахта на студиото Lazzarini Design на која може да се сместат 60 лица.
Италијанскиот дизајнер Pierpaolo Lazzarini е познат по своите уникатни пловни објекти кои привлекуваат големо внимание, а при дизајнирањето на „Авангарда“, тој бил инспириран од јапонските манги од седумдесетите години на минатиот век, односно изгледот на лебедите.
Пловилото е долго 137 метри со контролна кула во форма на глава на лебед. Но, оваа структура е всушност брод долг 16 метри, кој може да се оддели од остатокот на мегајахтата и да продолжи да плови независно.
„Авангарда“ има пет палуби висина 18 метри, два хелиодрома, базен и бројни спа-зони. Исто така, предвидено е да се движи со максимална брзина од 18 јазли.
Овој брод засега е само концепт, а неговата изградба би чинела околу 500 милиони американски долари.