Насловна / Архитектура / Кула од 737 метри што „голта“ јаглерод

Кула од 737 метри што „голта“ јаглерод

Островот Рузвелт во Њујорк ќе стане побогат за станбена кула од 160 ката што апсорбира јаглерод од околната атмосфера. Зградата ќе биде висока 737 метри и доколку биде изградена, таа ќе стане највисоката кула од ваков вид во светот. Кривулестата конструкција  треба да го симболизира односот на човештвото кон природата и да послужи како потсетник дека мора да ја заштитиме животната средина за да живееме во симбиоза со нашата планета.

kula

Проектот наречен „Мандрагоре“ е направен од архитектонското студио Рескубика, чие седиште е во Париз. Целта е да се одговори на прашањето како „утрешните градови“ ќе се борат против загадувањето и емисијата на стакленички гасови и како да се постигне неутралност на јаглерод до 2050 година. Во врска со тоа, создадена е оваа кула, што претставува еден вид „резервоар“ што апсорбира јаглерод, поточно, апсорбира повеќе отколку што ослободува, со што се постигнува намалување на јаглеродот од атмосферата.

kula1

Со оглед на тоа што зградите се големи загадувачи и емитувачи на јаглерод, употребата на одржливи материјали за нивна конструкција кои складираат и апсорбираат јаглерод е од голема важност. Рескубика поради тоа предлага употреба на дрво и други материјали кои го „чистат“ воздухот од јаглерод. Предвидена е и употреба на системи за пасивна енергија. Постои разменувач на топлина „воздух-земја“ што користи подземни цевки за да ја зафати топлината од земјата и да ја спроведе топлината на земјата. Овој систем обезбедува пријатна внатрешна средина во зима и помага да се олади зградата во текот на летото.

kula2

Кулата „Мандрагоре“ ќе биде одржлива и зелена, ќе вклучува 36 турбини на ветер, 1.600 дрвја, површина од 24.500 квадратни метри ќе ја покриваат ѕидови од растителни видови и седум илјади квадратни метри фотоволтаични фасади. Поради огромната количина зеленило што е планирано, зградата ќе апсорбира голема количина јаглерод и затоа помалку ќе го загадува екосистемот. Проектот промовира и „енергетска трезвеност“. Овој концепт се однесува на промени во животниот стил и социјални трансформации со цел да се постигне неутралност на јаглерод. Во врска со ова, секој стан ќе има посебен работен простор за луѓето кои работат од дома.

kula3

Испрати коментар

Scroll To Top