Насловна / Архитектура / Ултрамодерен мини-град во Москва – „ВТБ Aрена Парк“

Ултрамодерен мини-град во Москва – „ВТБ Aрена Парк“

Порта 3 во својот број 274 од ноември 2018 година пишуваше за  проектот «ВТБ АРЕНА ПАРК» во Москва и системот на градба Top&Down. Во изградба на овој проект учествуваше  градежната компанија АО Путеви Ужице од Република Србија, конкретно во изведбата на армиранобетонската конструкција на најголемиот станбен објект во овој комплекс – Б12 составен од 25 надземни и три подземни етажи, каде беше применет системот на градба  Top&Down, кој подразбира едновремена градба на надземниот и подземниот дел на објектот. Објектите се веќе завршени и  пуштени во експлоатација.

vtb_arena_2_resize

КОНЦЕПЦИЈА НА  ПРОЕКТОТ

„ВТБ Арена Парк“ е уникатен девлоперски проект со квалитети кои се пред своето време и претставува нов престижен урбан центар, кој ги комбинира активностите и динамиката на современиот живот со атмосферата на мир и спокојство на стариот парк. Со проектот извршена е сеопфатна реконструкција на големата спортска арена, изградба на другите спортски објекти лоцирани на територијата на стадионот Динамо, и изградба на градски кварт  кој содржи хотели, деловни објекти и станови – апартмани.

„ВТБ Арена Парк“ е еден од најпознатите и најквалитетни градски проекти кои се реализирани во последно време во центарот на Москва.

Ген план 1_resize

Ова е пример, за тоа како еден огромен бучен мегаполис, едно хаотично градско сивило  со површина од 32 хектари се претвори во пријатен и комфорен урбан ансабл. Во Москва, може слободно да се констатира дека не постојат слични проекти со вакво единство на содржини:

ВТБ АРЕНА – ЦЕНТРАЛЕН СТАДИОН «ДИНАМО»

СПОРТСКИ ПАРК «ДИНАМО»

ГРАДСКИ КВАРТАЛ «АРЕНА ПАРК»

ВТБ Арена – Централен стадион Динамо  – со име Лав Јашин

1_resize

 

Една од предностите на проектот ВТБ Арена Парк е зачувување на  историското наследство на реонот – стадион Динамо, и што е најважно – неговата реконструкција, која го претвори стадионот од една застарена и заборавена некогашна големина во една нова моќна архитектонска доминанта, еден од најсовремените спортски и забавни комплекси на светско ниво – ВТБ Арена – Централен стадион Динамо. За прв пат во Русија и Европа, изграден е комплексен стадион којшто содржи две арени под еден покрив: мала и голема спортска арена. Тоа значи истовремено можно е да се одржуваат и меѓународните спортски натпревари и концертни настани со користење на најсовремените технологии.

4_resize

Проектот е од 2010 година, изработен е од страна на архитектонското биро Manica Architecture, предводено од прославениот архитект David Manica. Проектот користи револуционерни идеи, нови материјали и технологии. Покривот е направен од транспарентен материјал, на јужната фасада, свртена кон  „Ленинградскиот Проспект“ и метрото „Динамо“, изведен е гигантски екран.

Вкупниот капацитет на Централниот стадион „Динамо“ е – 33 илјади места, има 26 VIP-ложи со 13-20 места секоја  и  една VVIP-ложа со 102 седишта.

3_resize

ВТБ Aрена, мала спортска арена, има три конфигурации:  хокеј, кошарка и концертна музика. Капацитетот за разни настани е од седум илјади до 14 илјади посетители. Малата спортска арена има 44 VIP-ложи со 13-20 места секоја и една VVIP-ложа со 60 седишта.

На територијата на  стадионот на располагање е ресторан, класа премиум со 380 места, паркинг-простор за 742 автомобили, вклучувајќи и 23 паркинг-места за луѓе со ограничени можности.

Мала арена_resize

 Малата спортска арена

Спортскиот  комплекс «ВТБ Арена – Централен стадион «Динамо»  » го носи името на фудбалскта  легенда, Лав Јашин,  прославениот голман на Динамо и на репрезентацијата на СССР.  Во 2018 година овој спортски комплекс е победник на конкурсот „Најдобро реализиран градежен проект на годината во областа на изградба на спортски објекти“. Наградата е организирана од страна на Одделението за урбанистичко планирање и политика на Градот Москва.

План Стадион_resize

Основа на стадионот и малата арена

СПОРТСКИ ПАРК „ДИНАМО“

Паркот е врската помеѓу неколку станбени блокови во реонот Динамо, која се протега од „Ленинградскиот Проспект“ до  реконструираниот стадион Динамо и станбениот комплекс „ВТБ Арена Парк“. Површина на паркот е осум хектари со зеленило кое овозможува мир и апсолутна заштита на населението од метежот и вревата, чист воздух , одвојување на градскиот блок од буката на стадионот. Реновираниот парк е еден од бисерите на реонот  Динамо и е вистинска атракција во Москва.  Историскиот  парк е сочуван, обновен, има пешачки, велосипедски и ролерски патеки, спортски игралишта, детски игралишта, места за физичка култура и многу други можности за мирна или активна рекреација. Во моментов, речиси и да нема места оставени во центарот на Москва, каде што човек може да се ослободи од метежот и вревата во близина на својот дом или канцеларија и да биде надвор со своето семејство и пријатели.

park_resize

ГРАДСКИ КВАРТАЛ „АРЕНА ПАРК“

Градскиот квартал „Арената Парк“  е една од главните компоненти на урбанистичкиот, градски ансамбл. Проектирана е од  страна на архитектонското биро „SPEECH Чобан & Кузњецов“,  врз основа на принципот на комфорна урбана средина со карактеристики на висококвалитетно ниво на живеење. Жителите на „Арена Парк“ имаат можност  да уживаат во неговите привилегии, кои се ретки во десетмилионски градови, а тоа се  живеење веднаш до ВТБ Арена – Централниот стадион Динамо, еден спортски комплекс од светско ниво, фитнес-клубот и спа- центар, ултрамодерен хотел „Hyatt Regency Moscow, Petrovsky Park“, деловни објекти од А- класа, и што е најважно, живеат веднаш до добро одржуван и уредрен  историски парк на  фискултура и спорт „Динамо“. Сето ова Градскиот квартал „Арена Парк„ го прави единствен од својот вид за оние кои се грижат за хармоничен развој и здрава иднина на своите деца.

10_resize

Кварталот се состои од 12 згради, од кои шест се со станови – апартмани од бизнис-класа, станбен објект од премиум класа со апартмани со завршна обработка, четири деловни згради и хотел кој е дел од меѓународниот ланец „Hyatt Regency Moscow Petrovsky Park“ 5*. Ресторани, кафулиња, банки, продавници, детски рекреативни и образовни центри, козметички салони и други услужни објекти  се наоѓаат на првиот кат на станбените згради.

2_resize

Располага со повеќе од 1.000 станови со површина од 40 до 225 квадратни метри, катност од 10 до 25 ката.  Вкупно, околу 3.000 луѓе може да живеат на територијата на станбениот комплекс.

Становите се проектирани  до најситни детали: дополнителни бањи, помошни простории за машини за перење алишта  и садови, гардеробери . Малите станови се сосема удобни и  комфорни, внимателно е пристапено кон распоред на функциите во станот.

8_resize

Предности на ВТБ Арена Парк:

• Транспортна пристапност – Комплексот  апартмани е многу блиску до метро станиците „Динамо“ и „Петровский парк“, околу пет минути пеш, а оддалечен е четири метро станици до центарот на Москва.

* Можност да се купат станови под клуч со завршени занаетчиски работи.

• Без автомобили во дворот, ограден простор, по системот „Умен дом“.

Развиена социјална инфраструктура на реонот.

* Врвен дизајн на изведени завршни занаетчиски работи на холовите и заедничките простории.

2_resize

maxresdefault_resize

„Hyatt Regency Moscow Petrovsky Park“ 

Кафулињата, салоните за убавина, продавниците, банките и детските рекреативни и образовни центри  се на располагање на првиот кат на станбениот комплекс. Пространиот внатрешен  двор и пријатните пешачки улички ја  заокружуваат сликата на една удобна средина за живеење, каде сè што ви треба е во непосредна близина. На  пет минути  прошетка од комплексот се  наоѓа живописниот „Петровски парк“ — споменик на парковската уметност од  XIX век со  површина од 22 хектари.

pp_resize

„Петровски парк“

Цените за апартманите започнуваат од 242.000 рубји за квадратен метар, (околу 3.000 евра за  квадратен метар, состојба Shell and Core). На пример, цената на еден стан од 51,9 квадратни метри изнесува 12.579.055 рубји или 156 илјади евра.

Инвеститори на проектот

Проектот „ВТБ Арена Парк“ е заедничка инвестиција на банката ВТБ и Управата на спортскиот клуб „Динамо“.

ВТБ Банката на рускиот банкарскиот пазар, се рангира на второто место . Главен акционер на ВТБ Банката е Владата на Руската Федерација, која претставена од страна на Федералната Агенција, поседува 60,9 отсто од акционерскиот капитал.

Спортскиот клуб  „Динамо“ е основан на 18 април, 1923 година во Москва.

ПАРТНЕРИ И КОНСУЛТАНТИ НА ПРОЕКТОТ:

CodestInternationalS.r.l. – Генерален изведувач

SPEECH – Генерален проектант

ManicaArchitecture – Разработка на архитектурно-проектната задача за  спортскиот дел на проектот

Bureau Veritas Russia – Менаџер на проектот за технички надзор

Asteros – Консултант во областа на системната интеграција и систем на безопасност

Cushman&Wakefield – Консултант во областа на административно-деловни објекти

Blackwood Real Estate – Консултант во областа на становите – апартманите

ColliersInternational – Консултант во областа на продажба на недвижен имот

HyattInternational – Консултант во областа на хотели

ARA Design – Дизајн на ентериерот на  Hyatt

KPMG – Бизнис-план на проектот

IMG – Консултант во областа на спорт, медија и забава

AEG Facilities – Консултант за прашања на раководење и експлоатација на спортските објекти

Кочовски Предраг (2)_resize

Автор: Предраг КОЧОВСКИ, дипл. инж. арх.

(Специјално за Порта 3 од Москва)

Испрати коментар

Scroll To Top