Насловна / Арт и дизајн / „Еднакви, заедно посилни“ – серијата АКТО мурали продолжи во Кавадарци

„Еднакви, заедно посилни“ – серијата АКТО мурали продолжи во Кавадарци

Со изработка на мурал на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали со која се отвори годинешната програма на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).

2_resize

Авторка на муралот е ликовната уметница и професорка Јана Јакимовска, а во изведбата учествуваа и уметниците Симона Манчева и Ненад Тонкин. Изработката на муралот е во продукција на ФР~У во партнерство со Општина Кавадарци и К.С.П. ПОДИУМ-ЈАДРО од Кавадарци.

3_resize

Овој мурал е дел од серијата на мурали кои изминативе месеци се изработија во уште 6 други градови во земјава и тоа во Битола, Прилеп, Велес, Кочани, Гевгелија, Скопје. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со БОШ Фестивал, Гевгелија; Културно ехо, Скопје; Центар за современи ликовни уметности ЦСЛУ-Прилеп и Јавен Простор–Прилеп; Народен Театар Битола;Дом на Култура Ченто; Општина Гази баба; Општина Велес, Општина Кочани, Општина Кавадарци, К.С.П. ПОДИУМ-ЈАДРО и Дом на Култура Бели Мугри – Кочани.

4_resize

Овој зафат, кој се протега на површина од околу 700 метри квадратни и тоа паралелно во седум градови е концепт, кураторство и организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Александар Јовановски и Ивана Васева.

8_resize 9_resize

Муралот „Еднакви, заедно посилни“, преку варијација на приказната за џиновската репка, зборува за солидарноста, но и за еднаквоста. Џиновската репка не може од земја да ја извлече еден човек, туку здружените сили на сите помагачи. А онаму каде имаме солидарен труд, нужно е да зборуваме за сите чинители и нивната еднаква заслуга. Ако семејството почива на принципите на солидарност, тогаш тоа мора да се преслика и пошироко во општеството, и особено мора да се подаде рака кон сите индивидуи и групи кои се на маргините.

10_resize

Човек на човека мора да му е семејство, без оглед на меѓусебните разлики. Оттаму, силуетите се изведени со црна боја, како би се занемариле сите индивидуални специфики. Сета различност е пресликана во шаренилото на небесниот свод. Наративниот дел на муралот се протега во должина на 24 метри во вкупна површина од околу 80 м2.

Испрати коментар

Scroll To Top